(ВИДЕО) Eснафските здруженија реагираат, министерство за здравство најавува решение…

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија и Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, заеднички, денеска остро реагираат што голем број нивни колеги, останаа на улица откако Општата болница Прилеп еднострано им ги прекина договорите за работа. Тие бараат итно решение на проблемот и вработување на колегите.

– Овие наши колеги, за жал, им се придружуваат на оние чии договори беа прекинати по различни основи и во различни периоди, во повеќе здравствени установи низ Републиката, во последната година. Фрапантни се фактите, кои речиси остават без зборови: станува збор за висококвалитетни и стручно обучени медицински сестри и техничари, кои имаат зад себе и по шест-седум години работно искуство, со статус договор на дело, а сè до денес беа составен дел од општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци и во Куманово. Овие колеги наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и од лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот – се вели во отвореното писмо до јавноста, потпишано од претседателката на Унијата, Гордана Бешлиовска.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски,  на денешната прес конференција по повод Светскиот ден на борба против ракот на новинарско прашање одговори дека сите согласности за продолжување на договорите за медицинските лица ќе пристигнат до здравствените установи до крајот на следната недела, а за крајот на март најави огласи за вработување на неопределено, на медицински кадар.

Прилепската болница од вчера, 03.02. 2025 не ги ангажира вработените со договор на дело, на кои им било речено дека нема да им бидат продолжени договорите. Станува збор за медицински сестри, болничари, возачи и за друг медицинско-технички персонал, а некои од нив работат во болницата повеќе од седум години.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Каков му е јазикот на народот, таков живот живее„ – на денешен ден почит за великанот Блаже Конески

На денешен ден 7 декемврви (1921 – 1993 г), му оддаваме почит на великанот на македонската совемена мисла и кодификатор на нашиот јазик, Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литератур и во областа на...

(Видео) Се учат песничките за „Бадниковата поворка“ – уште има можност за пријавување

Дечиња од 4 до 13/14 години не уморно ги вежбат ангелските песни и песната „Вечен е Бог“ со кое ќе го ќе го најават Христовото раѓање во Прилеп.  Организаторите од здружението „Бадникови поворки“ – Прилеп,  започнаа со  подготвуваат за овој настан, вклучувајќи дечиња кои сакаат да бидат дел од Бадниковата...

Прво место за учениците од СОУ „Орде Чопела“

Учениците Стефан Николоски, Ана-Марија Блажеска, Ангел Алексоски и Андреа Василеска во конкуренција од над 50 учесници, од 10 градови, две држави – Македонија и Шведска, 9 факултети, три средни училишта и 12 студентски организации под менторство на професорите Ѓорѓија Гагалески, Ивана Тодороска и Анастасија Матракоска со својата иновативна идеја Паметно...