Мечка гонела 15-сет годишно дете од с.Крапа (М.Брод)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Мечка вчера следела и гонела 15-годишно момче, во атарот на с.Крапа во Општина Македонски Брод. Детето успеало да побегне, не било директно нападнато и не било повредено, иако паднало при бегањето, кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома во селото.

Како што соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), случајот вчера бил пријавен на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Настанот се случил од 18:15 до 20:15 часот.

Според забележаните траги околу стадото од 300 овци, мечка или повеќе мечки, во последната година, особено во време на последниот месец, се спуштале во понискиот предел во ливадите кон с. Зрзе, но во правец повеќе на селото Дебреште, близу меѓуопштинската граница на  Општина Прилеп и  Општина Македонски Брод.

Според трагите и лаењето на кучињата од с, Крапа, мечката или мечките, се движеле и кружеле се почесто и се поблиску до селото, околу трлата со добиток.

Таткото на детето, кој имал 61 година,  искажал голема вознемиреност и страв за животот на децата.

ЦУК информира дека се преземат безбедносни мерки за да се заштитат граѓаните и нивниот имот од можни напади на диви животни со хумани мерки.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Трипуновски: Очекувам поуспешна откупна тутунска сезона од ланската

Откупот на тутунот започнува утре, вторник, 18 ти ноември. Сите процедури на 10 те откупни компании за верификација на мострите и обезбедување на потребните гаранции за исплата на откупените количини се испочитувани. Останува на компаниите сами да одлучат кога ќе ги отворат вратите за прибирање на актуелната реколта. Со сигурност...

IN MEMORIAM: Почина Чучурот мајсторот кој се грижеше да отчукува Градскиот саат во Прилеп

На 74 годишна возраст, почина, Димитар Чуроски, мајсторот часовничар, кој од 2013 се грижеше, Градскиот саатот во срцето на прилепската чаршија, да чука и да го одбројува времето кое минува. Чучурот го напушти овој свет, во годината кога се одбележуваат 200 години изградбата на Градскиот саат  Диме Чучуро, како што...

На Денот на предвремено родените деца, успешна хуманитарна акција – дониран потребниот Пациент монитор

Хуманитарната акција по повод 17ти Ноември, Денот на предвремено родените деца, кои го организираат неформална група мајки од Прилеп, кои имаат предвремено родени деца, заврши успешно. Хуманитарната акција која се состоеше од купување на производи во ЈЗУОБ „Борка Талески“- Прилеп, привлече огромно внимание кај прилепчани, зашто станува збор за помош...