80 години Македонија осигурување

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп е во самите темели на сигурноста, довербата и финансиската стабилност на дејноста осигурување во Република Северна Македонија.

Првата осигурителна компанија со најголемо искуство и експертиза локално, чии почетоци се уште од 1945 година како државен завод, со преку дведецениско интернационално влијание и знаење, денес е стабилна институција во рамките на моќна австриска групација.

Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Виена Иншуренс Груп е водечко во покритија на ризици од класата на осигурување неживот за правни и физички лица. Големите и комплексни индустриски субјекти, како и средните и мали бизниси, наоѓаат одлична потпора во нашите осигурителни понуди за лица, имот, моторни возила, одговорност, транспорт и др.

Во понудата за физички лица се осигурувањето на домаќинство, лица, моторни возила, како и патничко осигурување.

Најново на пазарот е доброволното здравствено осигурување за болничко и вонболничко осигурување, како и варијанти на покритија за тешки болести и операции. Понудата е достапна преку широко распространета мрежа на експозитури, брокери за осигурување, агенции за застапување во осигурување и банки. Искусните продавачи се подготвени да ја појаснат понудата во согласност со потребите, да направат бесплатна пресметка и да обезбедат лесно полиси за осигурување во секое време онлајн и на рака.

 

Од нашата препознатлива деловна зграда во Скопје и 14 експозитури низ државата обезбедена е лесна достапност на услугите.

Друштвото има големо искуство со осигуреници и развиена база на податоци, а со дигитализацијата клиентите можат да одберат да ги добијат услугите плаќање премија и процесирање на штети онлајн или во директен контакт. Во тимот на Душтвото се искусни експерти од прием во осигурување и процена и ликвидација на штети и друг искусен кадар што го одликуваат силни корпорациски вредности како одговорност, блискост со клиентите и почитување на различностите. Богатата интернет-страница www.insumak.mk и пријателската содржина на „Фејсбук“ обезбедуваат транспарентна комуникација и во делот на општествената одговорност и културата за осигурување.

Друштвото особено води сметка за својата ликвидност, законски дозволеното покритие на техничките резерви и ажурно извршување на сите доспеани и идни обврски.

Во своето работење се придржува до сите економски, осигурителни и актуарски начела за успешно работење, како и на сите законски и други нормативни акти што го регулираат осигурителното покритие. Политиките на следење на современите текови во дејноста и бескомпромисната финансиска стабилност, како и постојаното вложување во обуки на кадарот, обезбедуваат актуелност на изјавата од клиентите на МАКЕДОНИЈА осигурување – Виена Иншуренс Груп: Знам кога сум сигурен.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“ Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани. Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена.

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа