Заврши изградбата на главната канализациска линија со приклучоци, на улицата „563“ во Лесна индустрија во Кочани.
Главната линија е долга 410 метри, со пречник 250 мм, а канализациските приклучоци коишто водат кон градежните парцели лево и десно од улицата се со вкупна должина од 160 м, со пречник од 200 мм. Поставени се и канализациски шахти со длабочина на ровот и до 4 м.
Работите ги изведуваше избраниот економски оператор „Калина“ од Оризари, а вредноста на проектот е 3.773.301 денар.
Средствата во износ од 3 милиони денари се од Министерството за животна средина, а останатиот износ е кофинансирање од Општина Кочани.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.