Тутунарите бараат трудот да се плати и да се исплати!!!(ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Откупот при крај. Остануваат уште 30 денови до крајот на законски утврдениот рок за преземање на реколтата 2024/25, до кога и откупувачите и производителите имаат одредени законски обврски што мора да се испочитуваат. Изненадува што од предвидените 18 до 20 милиони „се појавија“ дополнителни 3, 5 милиони кгр произведен тутун што се носат во компаниите за продавање. Прашањето е дали овие бројки се реални, од каде се појавија овие килограми, има ли легален/нелегален увоз на непреработен ориентален тутун во Македонија?

– Откупoт е при крај, негде е околу 90% е откупен тутунот, останати се уште 10%. Причините за зголеменето производство има повеќе: Прва причина е од продолжената вегетација при самата берба на тутунот; втора е купување на влажни тутуни и трета работа е неодбивањето на кало на картоните. Причините за мене се тие, за толкаво големо производство. Последните податоци кои што ги имамe се 23 милиони 435  илјади кгр тутун. Има уште 10% тутун, така што и купувачите ќе ги редукцираат откупите. Работат со капацитет од 20% откупни пунктови, меѓутоа се должни до крајот на 28 февруари да остават дежурни пунктови, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. 

Заклучно на 28 февруари завршува откупната реколта за оваа година. Интересно е на што се должат ваквите поголеми количини на произведен тутун? Дали се тие реални?

-Реално према нас, како Сојуз не (не се реални). Како бројка реална е, тие се внесени во системот и дека се откупени 23 милиони кгр. Меѓутоа таа бројка е добиена од влажни тутуни, од неодбивање на калото, на самите картони. Сето тоа си придонесе за таа бројка на производен тутун, вели  Ристески,  додавајќи дека доколку се вршела проценката реално, со вкалкулирани одбитоци – повеќе од 20 милиони не би поминало производството на актуелната реколта.

Но, официјалните претставници на тутунарите алармираат за информации кои доаѓаат до нив, кои сеуште се непроверени, а за тоа треба да се погрижат надлежните институции:

– Дел од компаните купениот тутун после 2-3 дена го враќаат –  што законски не е дозволено! За понатамошни сознанија треба да се обратите директно кон компаните врз основа што му го враќаат купениот тутун.  Од нас никој не побарал да интервенираме за овие вратени количини на тутун. Меѓутоа дојдено е и до нас, шпекулација или вистина е дека делот од купениот тутун се враќа, понатаму што се прави со тој тутун не знаеме, посочува Ристески и додава дека во однос на евентуален увоз (легален или нелегален) на тутун тие немаат информација.

Најважно според Сојузот на тутунски здруженија е да се востанови систем на реална проценка според класи и квалитет за да се поттикне развојот во овој економски – земјоделски сектор од кој што голем бенефит има државата со девизен прилив од 120 милиони евра годишно.

Министерот Трипуновски формира работно тело кое што треба да се погрижи наскоро да се добие нов правилник за склучување на договори за новата реколта, реална проценка на квалитетот на производството според класи. Најважно е трудот да се плати и да се исплати, велат тутунарите, задоволни од заработката за која што се надеваат дека ќе биде поголема за наредната реколта.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...