Сообраќајна несреќа на патот кон Пониква, повредено 4-годишно дете

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 25.01.2025 во 10.06 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на патот кон Пониква се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР и патничко возило „опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(31) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел корса“ – Е.С.Б. и четиригодишно дете од Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“ Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани. Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена.

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа