Информација за финансиската состојба на Општина Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Салдото на основниот буџет на Општина Кочани на 31.12.2024 година изнесува 12.377.762 денара.
Сите финансиски обврски Општина Кочани редовно ги исполнува, со тековна реализација кон економските оператори.
Обврските прикажани во Пописот за 2024 година и во Кварталниот извештај редовно се сервисираат, без каква било реакција од економските оператори и во овој момент се значително намалени, како резултат на приливот во основниот буџет и на донаторските сметки.
По јавен повик, Министерството за транспорт и врски ѝ одобри на Општина Кочани 85.515.012 денари за реализација на проектот Реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“, чија вкупна вредност е 88.874.397 денари. Овие средства не се задолжување и тие ќе бидат исплаќани од Министерството за транспорт на наменската сметка на Општина Кочани. Општина Кочани нема никаква обврска за нивно враќање. Остатокот од средствата за реализација на проектот е кофинансирање одобрено со одлука од Советот на Општина Кочани.
Ова, историски е најголемата инвестиција на централната власт кон Општина Кочани.
Општина Кочани има два кредита.
Првиот е одобрен 2015 година, МСИП/43 во износ од 61.474 868 денари. Првата рата за исплата по поминат грејс-период од 3 години е февруари 2018 година, а последната рата е август 2027 година. Останати обврски: 14.141.956 денари.
Кредитот се исплаќа на две рати во годината (февруари и август). Износот на ратата е 3.073.743 денари.
Вториот кредит МТСИП НЦБ 100-19 е одобрен 2019 година. Износот е 41.486.343 денари.
Првата рата за исплата по поминат грејс-период од 3 години е септември 2022 година, а последната рата е септември 2032 година. Останати обврски: 33.063.961 денар. Кредитот се исплаќа на две рати во годината (март и септември). Износот на ратата е 2.169.126 денари.
Општина Кочани исплаќа и краткорочна позајмица од 2010 година, од Министерството за финансии.
Остатокот за отплата е 2.400.000 денари. Обврските се намируваат редовно во согласност со дадените рокови од Министерството за финансии, согласно Амортизациониот план.
Каматата за кредитите од Светска банка и од Министерството за финансии зависи од обврската за Министерството за финансии кон Светска банка.
Во овој момент Општина Кочани нема обврска за камата.
Износот од 6.110.725 денари е претпоставен износ како обврска со самото извршување на исплатата на ануитетите по кредити.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“ Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани. Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена.

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа