Пандовски: Да се обединиме и да им помогнеме на дечињата болни од канцер

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

 Кој е мотивот да го направиш овој подвиг во чест на твоите родители?
Мојот мотив е да им помогнам на децата што боледуваат од рак. Сакам да соберам што е можно повеќе средства и да им помогнам во нивното лекување. Втор мотив е да им оддадам почит на моите родители. Мојот татко се викаше Васил, а манастирот го носи името „Св. Василије Острошки“. Мајка ми пак, имаше голема желба да го посети овој манастир, но за жал не успеа. Откако веќе таа не е меѓу нас, кај мене се створи желба да отидам до Острог, но на ваков начин, со хумана цел.
Каква помош ти е потребна за реалзиација на овој твој човекољубив подвиг?
Не барам помош за себе, туку барам соодветно, фондација или асоцијација која можи да се вклучи во овој хуманитрарен подвиг да можиме слободно да направимие идеи како би го извеле сето ова, да има поголем број на донатори за да може да им се помогне на тие наши мали невини херои. Овој подвиг би требало да трае 12 дена. Благодарение на една жена која не е од Македонија, овозможени ми се неопходните услови, како сместување за време на мојот подвиг. Таа госпоѓа ми даде ветар в грб за да го реалзирам мојот сон. 
Од кога се занимаваш со трчање и што претставува тоа за тебе?
Со трчање се занимавам од 2018 година кога престанав да играм фудбал. ме привлече трчањето, почнав рекреативно, а како изминуваа годините почнав да бидам поактивен и со поголеми амбивии. Од кога живеам во Скопје, го запознав мојот тренер Игор Јакимовски со кого тренирам и му благодарам за големата поддршка него и на тимот на АК Скопски маратон. Игор ми даде мотив и благодарен сум за тоа. За мене трчањето претставува живот и терапија. Чувството кога трчам долги километри не може да се опише со зборови туку само да се доживее. 
Кој е твојот апел до Прилепчани и до сите граѓани на Македонија?
Да се соединиме сите и да покажаме дека сме хумани и имаме огромни срца во нас и дека заедно можеме да помогнеме. 
Разговорот го водеше: Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...