Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Нарачувате онлајн – едноставно, брзо и практично. Но, кога телефонот ќе заѕвони, а од другата страна доставувачот ве прашува каде и кога да ја остави вашата пратка, започнува трката со времето – ќе стигнете ли навреме, или ќе треба да го замолите да дојде друг ден?

Ова се моменти кои носат нишка на нетрпение и очекување, како и стрес и неизвесност.
И повторно телефонот ѕвони… Забрзано ги прелистувате низ глава сите можни комбинации како да ја пресретнете рутата за возење на доставувачот: децата се на училиште, бабата е во маркет, со комшијата не сте се виделе одамна… А шефот го чека извештајот, исто како што доставувачот го чека вашиот конечен одговор, како во квизот „Кој сака да биде милионер?“.

„Како да го решам сега ова?“ – прашање проследено со арсенал од високофреквентни зборови. Таквиот внатрешен дијалог често може да го промени текот на целиот ден.

Меѓутоа, што ако можеме да го ослободиме од стрес целиот процес на доставата?
Што ако ви кажеме дека постои решение?
Што ако ви понудиме начин кој ќе стави точка на бескрајните телефонски повици, на погрешните адреси, на комбинациите и ангажмани на пола роднини, колеги од работа и соседи?

Замислете го тоа чувство – конечно, целосна контрола на вашата пратка, во ваши раце!

Пристигнува GAMECHANGER-от во доставата!
Не зборуваме за обична иновација, туку за револуција што ќе ја промени целата игра. Новата технологија не само што ќе ги реши вашите проблеми, туку ќе ви даде моќ да одлучувате: Кога ќе ја подигнете вашата пратка – ден, ноќ, викенд – вие одбирате, каде ќе ви биде најзгодно – блиску до домот, до работата или до омиленото кафуле, без стрес, без нервози, без чекање!

Заборавете на пропуштени повици и ограничени работни часови. Сега, вашата пратка е таму каде што ви треба и кога ви треба.

Доставата станува ваша игра – а вие сте тие што ги поставуваат правилата.

За прв пат во Македонија – револуција во доставата!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пониква со потенцијал за модерен зимски центар

И покрај поволните снежни услови, ски-лифтовите на Пониква моментално не се во функција поради тековна тендерска постапка за избор на оператор, која според најавите треба да заврши во среда. Сепак, зимската сезона на оваа планинска дестинација не е целосно запрена. Ски-школите на Пониква активно функционираат и секојдневно работат со деца, кои ги прават своите први

Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: возач пренесен на лекување во Скопје

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 15:43 часот во Кочани, на улицата „Маршал Тито“. Патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.П. од село Чешиново, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош во Општата болница во Кочани, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и