Прилеп ќе биде домаќин на „Добри гости“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА
Продукција“ од Прилеп и „Култура Бета“ од Скопје, в сабота, на 25 јануари, во Прилеп
ќе го реализира седмото издание на проектот „Добри гости“, преку кој иницира
серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на
заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот ќе се одржи на 25 јануари, во кафе-галерија „Лувр“ во Прилеп, со
почеток од 12:30 часот, и поддржан е од Општина Прилеп.

На седмото издание на „Добри гости“ во Прилеп ќе учествуват: Нина Насеска,
Славчо Ковилоски, Андреј Ал-Асади, Никола Дукоски, Игор Трпчески, Звонко
Димоски, Оливера Андоноска, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски, Филип
Димкоски, Петар Петрески, Викторија Ангеловска, Габриела Стојаноска-Станоеска,
Сузана Ѓеорѓиевска, Лина Димоска, Елена Јандреовски, Андријана Дукоска, Ели
Луческа и Јулијана Величковска.

Настанот ќе започне со промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана
Величковска. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а потем ќе следува и
книжевното читање на кое ќе настапат сите учесници.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување
поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со
автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.
Проектот досега се одржа во Штип, во Тетово, во Струмица, во Демир Хисар, во
Куманово и во Охрид, а планирани се гостувања во уште градови низ земјата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...

(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Друштвото за наука и уметност Прилеп во рамки на годишната програма  синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање на тема „Етиката на современиот истражувач во научните истражувања“. Предавачот, м-р Моника Талеска, докторанд на ФТУ-Охрид, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп ги поттикна основните поенти на темата, што како одговори...

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...