Шестооделенецот е во стабилна здравствена состојба, но како дошло до несреќата засега не се знае

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Единаесет годишниот ученик од 6-то одделение кој учел во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, вчера околу 14.35 часот паднал од прозорецот од вториот кат на училиштето за време на големиот одмор од 3- риот кат на училиштето.  Како дошло до несреќата засега не се знае.

Од училиштето преку соопштение истакнаа дека веднаш повикале Итна медицинска помош,  а  ученикот бил во контактибилна состојба, свесен временски и просторно.

„Потоа ученикот е транспортиран со амбулантно возило до одделението за анестезија и трауматологија, во општата болница ,,Борка Талески” – Прилеп во наше присуство мое и на класниот раководител. По одредени испитување добиена е препорака за транспорт на ученикот во државната болница ,,Мајка Тереза”- оддел клиника за детска хирургија како придружба на мајката во периодот на хоспитализацијата на ученикот и дополнителните испитувања присутни бевме јас, како раководител на институцијата и класниот раководител на ученикот. Касно околу полноќ од дежурниот лекар на клиниката за детска хирургија добивме информација дека ученикот е во добра општа здраствена состојба, контактибилен, со одредени повреди но е надвор од животна опасност и е во стабилна здравствена состојба“ велат од училиштетопреку соопштени додавајќи дека дежурните наставници најодговорно ја извршуваат својата обврска, во однос на дежурствата и присуството во ходниците во училиштето, почитувајќи го кодексот на однесување,а  ученик бил еден ученик  беспекорно послушен, дисципиниран, воспитан, одмерен, дружењубив, трудољубив, со одличен успех и примерно поведение.

Од Итната помош во Прилеп рекоа дека поради сериозноста на повредите ученикот бил пренесен на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

„Детето е во стабилна општа состојба, и е надвор од животна опасност. Има некои повреди кои што допрва ќе се доевалуираат и доколку е потребно и хируршки ќе се интервенира“, изјави Лазе Јовчевски, директор на Клиниката за детска хирургија.

 

Настанот преку соопштение го потврди и полицијата

На 20.01.2025 во 15.01 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 11 – годишник од Прилеп. Според пријавеното, малолетникот паднал од трет кат од основното училиште во кое учел во Прилеп.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.“ се вели од инфомрацијата на СВР Битола

Според јавното обвинителство во Прилеп во моментов се работи на случајот и според првичните сознанија станува збор за несреќен случај, но сепак истрагата треба да покаже како дошло до падот на детето од прозорецот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...

(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Друштвото за наука и уметност Прилеп во рамки на годишната програма  синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање на тема „Етиката на современиот истражувач во научните истражувања“. Предавачот, м-р Моника Талеска, докторанд на ФТУ-Охрид, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп ги поттикна основните поенти на темата, што како одговори...

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...