ЈОУ Библиотека „Искра“ – На 22 јануари промоција на книга и изложба

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
ЈОУ Библиотека „Искра“ во соработка со Државен архив и Институтот за национална историја, во среда 22 јануари 2025 година, во 12 часот организираат промоција на книгата „Писмата на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (Историја на една мистификација)“ од авторот д-р Бранислав Светозаревиќ, во издание на Државен архив.

 Истиот ден е предвидено и отварање на изложбата: „Асном-израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, посветена на еден значаен јубилеј, 80 години од одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија -АСНОМ.
Изложбата ќе биде поставена до 1 февруари 2025 година, сите заинтересирани граѓани и ученици ќе можат да ја посетат од 7 до 18 часот, секој работен ден.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицкоски: Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите

„Јас нема да ги коментирам нападите на опозицијата. Мислам дека или не се информирани, или ја грешат темата. Веќе е исплатена онаа интервентна исплата до оризопроизводителите од околу 50-тина милиони денари. Истовремено се обезбедени околу 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување за овој регион. Оризот стана стратешка култура и ќе биде дел

Осветен Православниот храм ,,Св. Недела” во Соколарци – чинот го изврши митрополитот брегалнички Иларион

Освет на параклис и Света Архиерејска Литургија во с. Соколарци На 04 мај 2025 година, Недела 3-та на Воскресение (на Мироносиците), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот параклис посветен на “Св. вмч-ка Недела” во с. Соколарци, кочанско, и отслужи Света Архиерејска Литургија. Параклисот е ктиторско дело на г. Марјан Динов, г.

Претреси во Кочани и кочанско, пронајдена дрога, приведени пет лица

Претреси во Кочани и кочанско, пронајдена дрога, приведени пет лица   На 03.05.2025, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода М.Ц.(21) од с.Облешево, кочанско, С.М.(26) од с.Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани. При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски