Кога дијалозите во туѓа книга стануваат ваши

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре (22 јануари, среда) од 18.00 часот во фојаето на ЦК „Марко Цепенков“  ќе се одржи промоција на книгата „Дијалози“ од Коста Бојчески.

Модераторот на овој книжевно-промотивен настан, насловен „Создавање на ликовите од страна на читателот“, Александар Еленин, вели дека книгата „Дијалози“ е плод на непретенциозен, а сепак доволно предизвикувачки и во добра мера успешен опит со формата и структурата на дијалошката форма во литературен контекст.

Уникатноста на оваа книга е во „дефинирањето на ликовите“ и лоцирањето на дејството во еден хронотописки контекст преку самиот процес на читање на истите. Ликовите ни се „откриваат“, или поточно, самите ги откриваме и „создаваме“, со самото читање на дијалозите, па на тој начин почнуваме и органски да ги доживуваме како литературни субјекти. Токму поради наведените аргументи, „Дијалози“ е книга со искрен, автентичен пристап во творечкиот израз од страна на Бојчески, која заслужува пошироко внимание – Александар Еленин.

Промотор на книгата ќе биде Виктор Јованоски, а со своја автентична сценски изведба на некои од дијалозите настанот ќе го облагородат прилепските актери Даниела Иваноска и Димитар Ѓорѓиевски со режисерот Борис Василески, а на сето тоа музичка магија и атмосфера ќе му даде групата The Hounds.

Коста Бојчески (1989) е автор на триптихот Сварог (2016) – во потесен избор за Новите 2013 – и преведувач на Портрет на уметникот како млад пес од Дилан Томас (2016). Дел од неговите песни се застапени во антологијата Лирски додекамерон (2012), а многу други се објавувани по книжевните списанија („Книжевно житие“, „Акт“, „Стожер“, „Стремеж“…).

Ова е втор настан од  едногодишниот културно-едукативен циклус на промоции и предавања кој започна на 15 јануари годинава со промоција и разговор  за книгата „Современи театарски дијалози“ од Звонко Димоски.

 

Ф.Д.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...