На првиот училишен ден ученик падна од прозорецот од училиштето

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Второто полугодие во ООУ “Гоце Делчев“  – Прилеп , започна со немил инцидет кога од прозорецот од училишната зграда, паднал (или скоканал) шесттоодделенец.

По падот од прозорецот од третиот кат од училиштето,  ученикот се здобил со тешко телесни повреди и веднаш  бил пренесен во прилепската болница “Борка Талески”. Лекарите консатирела  скршеници на коската од петицата, како и скршеници на прешлените, па поради сериозноста на повредите, ученикот итно е префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.

Родители, кои интерпретирајќи го немилиот настан од нивни сознанија, се обратија до нашата редакција загрижени за нивните деца и бараат да се покрене акција за поголема безбедност на учениците во училиштата.

А, гласините говорот дека овој настан, наводно, е поврзан со типот на “предизвик“ кој се креира на  социјалните мрежи, со кои децата – тинејџерите си ги „одмеруваат силите“ на многу опасен начин. Стручните лица во училиштата ги молат родителите да внимаваат на своите  децата како ги користат социјалните мрежи, поради можните последици од т.н “предизвиците“ „кои често кружат на социјаните платформи, ги користат младите и создаваат изопачена реалност и опасност по нивните животи“–  вели педагог од едно прилепско училиште .

Надлежните работат на расчистување на овоја случајот и утврдување на точните причини за несреќниот настан.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...

(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Друштвото за наука и уметност Прилеп во рамки на годишната програма  синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање на тема „Етиката на современиот истражувач во научните истражувања“. Предавачот, м-р Моника Талеска, докторанд на ФТУ-Охрид, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп ги поттикна основните поенти на темата, што како одговори...

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...