Во тек подготовките на ФК Победа со 4 засилувања

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Веќе неколку денови второлигашот Победа во зимски услови на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп ги реализира подготовките за новата полусезона. На првата прозивка од тренерот Стојанче Дунимаглоски се и трите засилувања Насаф Шабанов кој е напаѓач и дојде од Новаци, Метин Ќерими и игра по левата офанзивна страна, а дојде од Вардар Неготино. Последното засилување е повратникот во тимот Петар Петроски кој е дефанзивец и пристигна од Слога Виница.

Од клубот си отидоа голманот Антонио Столевски, играчот за врска Давид Дебрешлиоски и напаѓачот Давид Јошески. Победа закажа пет пријателски натпревари пред стартот на втората полусезона на 15 февруари. Преодниот рок започна на 15 јануари, а ќе трае до 11 февруари 2025 година.

Победа есента ја заврши на 12. место со 14 бода

Извор:  www.shampion.mk 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...