За Водици и во базенот на црквата Св. Благовештение и во базенот Салида ќе се “фрла’ Светиот Крст

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В недела,  на 19 ти,на Богојавленије Водици во 10,оо часот , главниот водосвет со полагање на Светиот Крст во водите ќе се одржи во базенот во дворот на црквата Св Благовештение. Во осветените води по положениот Крст ќе влзат 22 деца. Најпрви во 7 часот во црквата ќе се одржи Света Архиерејска Василиева литургија. А, рано утрово,  традиционалното е и пуштањето на гулабите, коа е една интересна традиција која со векови опстојува во Прилеп. Гулабите се симболика на Светиот дух кој што според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил покрстен.

Светото фрлање на крстот ќе се одржи i во 15 населени места.

Инаку, општинските  власти, Водици, однсоно водосвет со полагање на Светиот Крст во водите го организираат на базенот од аквапаркот на хотелот „Салида“. Настанот е во 12,оо часот и веќе се пријавени 100-тина учесници кои ќе скокаат во осветенитте води во базенот, за да го фатата Светиот Крст. Се верува дека они кои се фрлија во ладните води по светиот крст ,годината ќе им доноесе здавје, среќа, благосостојба и бериќет, а оној кој ќе го фати крстот, е најсраќниот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...