Во Прилеп за насилство уапсени 6 лица, од кои 2 малолетници

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вчера во 22.00 часот од ул. „Борка Утот” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп уапсиле шест лица поради сторено кривично дело насилство.

Како што информираат од МВР се работи за К.П. (42), В.П(34), З.П.(58), А.П.(32) и двајца малолетници, сите од Прилеп. Според пријавеното, настанот се случил на 15.01.2025 околу 20.30 минути пред продажен објект на ул.„Борка Талески” во Прилеп, при што било употребено и огнено оружје и бил испукан куршум во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...

Музика, позитивна енергија , грижа за себе – хепенинг на СОУ „Ѓорче Петров”

По повод престојниот празник 8-ми март , денот на жената , учениците од образовниот профил , фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп , денеска во центарот на градот , кај камената бина организираа , настан , кои како што тие го нарекоа , хепенинг , настан кој ги...

(ВИДЕО)Реколта 2026: Цените во новите договори 10 % повисоки од ланските

Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за...