background

Муабети за театарот, утре во „Марко Цепенков“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре (15 јануари, среда) од 18.00 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски.

Авторот на книгата, м-р  Звонко Димоски, културолог и преведувач, во предговорот кон книгата објаснува дека преку книгата се стреми да ги покажe трендовите и предизвиците со кои се соочува современиoт македонски театар, но и да ја прослави неговата моќ како медиум за комуникација и трансформација.

Тетарската анализа, дури и таа најкритичната, не е фронт на спротивните табори- уметници против критичари-туку заеднички напор за унапредување на театарската уметност. Нејзината вистинска мисија е да биде мост меѓу изведбата и публиката поттикнувајќи  подлабоко разбирање и вреднување на театарската форма-пишува Димоски во предговорот кон книгата.

Александар Еленин, иницијатор на оваа промоција, која е во рамки на предвидениот културно-едукативен циклус на промоции и предавања,  смета дека „Современи театарски осврти“ е дело кое  заслужува да биде поздравено како благородна претходница за сите слични публикации, муабети и споделени искуства од кои ќе излеземе духовно и естетски побогати.

„Современи театарски осврти“, книгата која е предмет на оваа промоција, е иницијална збирка аналитички профилирани размисли на Звонко Димоски, со која авторот ги манифестира своите неколкугодишни гледачки искуства на театарски претстави низ македонските театри. Оваа книга умешно балансира по работ на личниот есеистички израз и дискурзивниот пристап кон анализираната проблематика. Солидно исполнувајќи ги формалните естетски, стилистички и јазични критериуми, ова четиво нуди удобност да се фокусираме на суштината и содржината на истото”-пишува Александар Еленин.

Промоторка на книгата ќе биде писателката и уредничка на списанието „Стремеж“, Габриела Стојаноска Станоеска, а модераторка на настанот е писателката Оливера Андоноска.
Со овој книжевен настан кој е прв од годинешните настани на Центарот, започнува и едногодишниот културно-едукативен циклус на промоции и предавања, кој заедно со филмската програма ќе ја реализираат Винтер Априкотс и Цивете Продуцтион во киното „Мис Стон“, треба да бидат конкретно
 издигнување и збогатување на културната содржина на Прилеп.
Ф.Д.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На првиот училишен ден ученик падна од прозорецот од училиштето

Второто полугодие во ООУ “Гоце Делчев“  – Прилеп , започна со немил инцидет кога од прозорецот од училишната зграда, паднал (или скоканал) шесттоодделенец. По падот од прозорецот од третиот кат од училиштето,  ученикот се здобил со тешко телесни повреди и веднаш  бил пренесен во прилепската болница “Борка Талески”. Лекарите консатирела ...

Првата транша заврши – од февруари втор јавен повик од 250 те милиони евра за општините од унгарскиот кредит

Мостови, обиколници, градинки, булевари, водоводи, канализации, детски игралишта, пазари ќе се градат низ општините во земјава со парите од првата транша од унгарскиот заем. Тендерите завршиле за повеќе од 200 проекти, а општините кои се 81 на број, до централната власт доставиле вкупно 288 проекти. Нивната изградба почнува со подобрување...

Во Прилеп нападнат сопственик на дуќан и неговите малолетни деца, насилникот пукал со пиштол

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(58) и К.П.(42), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.01.2025 во Прилеп, пријавените физички го нападнале В.П. – сопственик на продажен објект, а потоа и неговите малолетни деца, по што првопријавениот во два наврати пукал со...