ЦУК извлекува возрасно лице завеано во снег во Полаки

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е во тек координирано извлекување на заглавено повозрасно лице од снежни наноси, кое е во својот дом во кочанското село Полаки.

РЦУК Кочани известува дека постапиле по пријавата за помош на лице во село Полаки (планинско село од разбиен тип) во маало Бабиште, при што контактирани се Општина Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани.

Командирот на ТППЕ Кочани стапил во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во село Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Лицето, како што се наведува, ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре.

„Истовремено има ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата кои се под асфалт, а не и споредните патишта кои се до маалата, а што не се асфалтирани) па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација.  РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани“, соопшти ЦУК.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пониква со потенцијал за модерен зимски центар

И покрај поволните снежни услови, ски-лифтовите на Пониква моментално не се во функција поради тековна тендерска постапка за избор на оператор, која според најавите треба да заврши во среда. Сепак, зимската сезона на оваа планинска дестинација не е целосно запрена. Ски-школите на Пониква активно функционираат и секојдневно работат со деца, кои ги прават своите први

Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: возач пренесен на лекување во Скопје

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 15:43 часот во Кочани, на улицата „Маршал Тито“. Патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.П. од село Чешиново, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош во Општата болница во Кочани, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и