Toшеска: 2024 е досега најуспешна година во мојот живот (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Таа e ветеринарка по професија, меѓутоа покрај тоа што е сопруга и мајка на три деца, Марина Тошеска е повеќе од успешен и посветен граѓански активист, а од минатата година и претприемач во областа на зеленото претприемништво. Минатата година ја заврши со еден куп успешно реалзирани проекти и патувања, со видлив придонес во заедницата, а сето тоа пак и донесе големи и значајни награди и признанија.

Советот на Општина Прилеп и ја додели наградата „3 Ноември“, а Општина Градско, ја закити со признание за соработка, токму на денот на општината. Сепак таа најгорда е на успешноста на услугата помош и нега во домот. Според неа нема поголема радост од тоа да се направи позитивни проме ни во нечиј живот.

Заради сите нејзини постигнувања, Радио Пела, ја впиша Марина Тошеска во листата на 13 величествени. Во продолжение погледенте го разговорот со неа, и дајте го својот глас за Медиумски највпечатливо лице или компанија  кое/која дало/а  најголем придонес во заедницата за 2024 и за која/кое  јавноста пројавила најмногу интерес.

Ф.Д.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...