КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР ВО КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кирил Ковачев, дипломиран економист, ќе биде новиот В.Д директор на КЈП „Водовод“.

Тој доѓа на местото на досегашната директорка Кристина Финдачка, а решението за негово назначување го потпиша градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Досега функцијата В.Д директор на КЈП „Водовод“ ја извршуваа Иван Иванов (од декември 2021 до јули 2022 година) потоа, Антонијо Паунов од (јули 2022 до август 2023), следен беше Перо Георгиевски (од август 2023 до јули 2024), последна беше Кристна Финдачка, која оваа функција ја извршуваше од јули 2024 заклучно со почетоков на Новата година.

Кирил Ковачев беше и директор на Центарот за социјални работи – Кочани. Во врска со тоа каква е состојбата на КЈП “Водовод“, новиот директор, ќе одржи прес-конференција со медиумите.

За повеќе детали, ќе бидете дополнително известени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Итната помош во Кочани нападната лекарка

Полицијата во Кочани поднесе кривична пријава против М.Н.(47) од село Бурилчево, општина Чешиново-Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Според пријавата, на 19.12.2025 година, во службените простории на Итна медицинска помош во Кочани, пријавената физички нападнала лекарка. Полицијата информира дека против неа е поднесена соодветна кривична пријава.

МВР за сообраќајката на патот Кочани Виница…

Денеска (16.03.2026) во 13:44 часот во СВР Штип било пријавено дека на патот Кочани-Виница во близина на угостителски објект, настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мазда“ и патничко возило „поло“. Во незгодата неколку лица се повредени и со возила на итна медицинска помош се транспортираат во Општа болница Кочани за укажување на лекарска помош. Се

🐣 ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА – GALA NUTS

🐣 ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА – GALA NUT 🌰 Велигденска акција што вреди да се искористи.  Добра цена. Врвен квалитет. Ограничено време. Велигденската трпеза секогаш е побогата со квалитетни јаткасти плодови и здрави намирници. Затоа подготвивме специјална велигденска акција на дел од нашите производи: АКЦИСКА ПОНУДА (само за 1 кг пакувања): 🌰 Орев половинки – 450