Хрватските медиуми пишуваат: Ријека го купува Јован Манев!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Репрезентативниот стопер Јован Манев ќе го засили тимот на Ријека и ќе биде најавен како големо засилување во одбраната на оваа екипа која е лидер во шампионатот на Хрватска и тим кој се надева дека оваа сезона ќе успее да ја освои круната пред Хајдук и Динамо. Манев во наредните два-три дена ќе го комплетира трансферот од тутрскиот тим Адана Демирспор кој банкротираше.

За дефанзивецот од кочанското село Грдовци ова ќе биде втор предизвик во Хрватска откако лани како отстапен играч го носеше дресот на Осијек за кој одигра само седум натпревари. Нашиот репрезентативец ќе се приклучи на новиот клуб на подготовките во Хрватска каде Ријека ја темпира формата за стартот на пролетниот дел од сезоната. Ријека се надева дека со него ќе стигне до титулата како пред неколку години кога во своите редoви до тронот стигнаа со Стефан Ристовски и Дарко Велковски.

СпортСпорт дознава дека хрватскиот тим за услугите на Манев ќе и плати и добра цифра на Адана Демирспор, клуб со кој Манев има договор до 30 јуни 2027 година.

Преземено од СпортСпорт

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 26 март во „Бели мугри“ – Изложба на Ана Митевска

Во Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ од Кочани за 26 март е закажано отворање на самостојната изложба на уметницата Ана Митевска насловена „Надеж – светлина во темнината“.Самос Куратор на изложбата е Јасминка Намичева, кустос советник. Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две

OУ „Раде Кратовче“ го одбележува патрониот празник…

Денеска, Основното училиште „Раде Кратовче“ го одбележува својот патрон празник со низа свечени активности. Чествувањето започна со изведба на химната од училишниот хор, по што беше положено свежо цвеќе пред бистата на Раде Кратовче. Почит му оддадоа делегација од училиштето, претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот Грозданов, како и членови на семејството Раде Михајлов

По договор со општината, угостителите ги отстрануваат терасите

Од утринава, угостителите во Трговскиот центар – блок А во Кочани почнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали на катот. Станува збор за обврска што произлегува од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти. Со него е предвидено сите времени градби што се