Дечињата во Грдовци го најавија Христовото раѓање

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Дечињата денес создадоа празнична атмосфера и расположение низ улиците во Грдовци најавувајќи го со песната “Вечниот Бог” утрешниот празник Божиќ, денот на Христовото раѓање.

Поворката во која учествуваа околу 60тина деца, тргна од Црквата Света Троица, се движеа низ улиците низ селото и заврши во црквата каде им беа поделени пакетчиња.

Ги имаше од сите возрасти, дојдени и од Зрновци, Мојанци и Горни Подлог да учествуваат во оваа возобновена православна традиција. Придружувани од свештеникот Илчо Миленковски, членови на Црковниот и организациониот одбор, најмалите деца од Грдовци со радост и со гордост ја пееја коледарската песна Вечниот Бог.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Формирано ДПД – Зрновци

Во Зрновци денеска официјално беше формирано Доброволното противпожарно друштво – Зрновци, со што општината добива  подготвеност и поддршка во справувањето со пожари и други непогоди. По повод формирањето беше организирана тактичко-показна вежба што ја изведоа професионалците од Територијалната противпожарна единица од Кочани заедно со доброволците, а претходно беше реализирана и обука за идните волонтери кои

Вечерва во 18 часот премиера на претставата за деца “Малата принцеза”

Ве поканувамe на премиерата на Детската театарска претстава „Малата принцеза“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за принцезата со златен глас, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Маја Станојкова, Андреа Митева, Алекс Дончевски, Ана Тасева, Софија Беличева, Ана Лефкова, Марија Гоцевска, Душица Ѓорѓијевска, Ели

Макпрогрес ДОО Виница вработува…

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Макпрогрес ДОО Виница има потреба од вработување на: Референт за БЗР и екологија, ПП заштита, прва помош, евакуација и спасување Потребни квалификации: * Завршено високо образование * Работно искуство во бараната област Предност ќе имаат кандидатите со: * Добиена лиценца за безбедност и здравје при работа Работно време: 07:00 – 15:00 часот Заинтересираните