Првото бебе во Прилеп во новата година е девојче

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Првото роденот бебе во Прилеп во  новата 2025 година е женско. По неполни шест часа од Новата година. Рано утрово, на првиот ден од новата година , во прилепската болница се роди малата Стефани, која е и првиот нов жител на Прилеп, и прва рожба на 22-годишна мајка Ангела Јанеска.

„[penci_blockquote style=”style-3″ align=”none” author=”” font_weight=”bold”]Чувството е прекрасно. Се’ уште сум млада, збунета, но ќе се навикнеме. Нашата порака до сите мајки е да бидат пресреќни, бидејќи ова е незаменливо нешто, најубава чувство на светот“, – кажа младата мајка Ангела Јанеска.[/penci_blockquote]

Првото бебе во новата 2025 година се роди во 5.47 часот, по оперативен пат, значи со царски рез. Се породи живо женско дете 3.310 грама, со добар АБГАР-скор. И мајката, и бебето се со добра општа состојба“, – изјави д-р Гоце Оропан, гинеколог-акушер.

Традициинално, првороденото бебе го посети и градоначалникот, кој освен што им посака добро здравје на мајката и ќеркичката, им подари и пригодни подараци.

Нашата Локална самоуправа, заедно со Советот и’ доделивме на мајката штетдна книшка и прикладен подарок за еден нормален почеток во одгледувањето и растењето на малата Стефани“, – посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Инаку, новогодишната ноќ, во Прилеп главо поминала мирно, во која здравствените работници, за среќа, немале зголемен обем на работа.

  „Во прилепската болница немало некои позабележителни интервенции, нема сообраќајни незгоди, нема повредени со петарди и немаме пациенти во тешка алкохолизирана состојба“, – вели д-р Кире Јоноски, директор на ЈЗУ Општа болница – Прилеп.

Инаку, споредено со претходната година, во 2024 година во ЈЗУ Општа болница – Прилеп  имало 455 порадувања .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Реколта 2026: Цените во новите договори 10 % повисоки од ланските

Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за...

Мариухана пронајдена и одземена во неколку индивидуални случаи во Прилеп

Вчера полицијата делува во неколку оделни случаеви, пронаоѓајќи и одземајќи марихуана на различни локации од градот На 02.03.2026 во 12:00 часот на ул.„Тетовска” во Прилеп, полициски службеници  од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Р.(54) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на...

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...