Радио Кочани – Среќни Новогодишни и Божиќни Празници !!!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Измина уште една година за некого успешна,  за некои вообичаена, а други пак се незадоволни од текот на настаните изминативе 366 дена.

Сепак едно е сигурно, сите без исклучок се надеваат на Среќна и успешна нова 2025 година, исполнета со многу љубов здравје и благосостојба.

Што се однесува на професионален план Радио Кочани беше помеѓу вас 52 седмици, седум дена во неделата, по 24 часа на ден со  одбрана музика за сите вкусови и информации за се што се случувало во Источниот регион.

Ги следевме модерните текови и најновите технолошки достигнувања, па освен во аудио настаните ви ги пренесувавме и во видео формат.

Имено, тоа го постигнавме благодарение на нашите долгогодишни пријатели, спонзори и коминтенти, кои  секој на свој начин, потреби  и можности беа со нас, непрекинато, а верувајте ги  имаше многу,  или поточно толку, колку што беше потребно да ги покриваме сите давачки потребни  за континуирано и непречено работење.

На крајот годината  ја завршуваме со вообичаените честитки, желби и пораки за среќна и успешна Нова 2025та година и празниците што следуваат, од околу 170 наши успешни коминтенти.

Во просек според статистиката,  месечно имавме по 765 илјади слушатели, гледачи и читатели, поддржувачи на Радио Кочани, медиум и бренд,  кој се бори  на овие простори цели 70 години.

Благодарни сме на вашата поддршка и љубов во текот на целата оваа година која изминува. Посакуваме уште многу години пријателство.  Заслужувате се најдобро, нека ви се остварат сите желби.

Новата Година е нов почеток  нека ви се исполнат сите соништа бидете среќни и веселете се за она што доаѓа.

На полноќ кога стрелките ќе се поклопат посакајте си многу здравје, љубов, среќа и мир.

Среќна Нова 2025та година.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

53 годишен маж од Кочани тешко повреден додека работел во виничко

На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат