Дедо Мраз, базар, претсава за деца – новогодишни случки и дружби во Кривогшатани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Новогодишен базар се одржа и во Општина Кривогашатни . Поттикнувајќи ја креативноста и солидарноста кај младите,  базарот понуди разни креации изработени од младите и децата од детска градинка . Сето надополнето со понуда од топол планински чај  и палачинки, базарот со  новгодишните тезги  на кои беа изложени рачни изработки, новогодишни украси, подароци, слики  изработени  со љубов и посветеност од страна на учениците и дечињата од градинка, само потврди колку радост може да донесе еден настан и да ги сплоти и младите ,и повозрасните.

А, организаторот на Општина Кривогашани, на ФБ страната напишаа во духот на новогодишната радост: „Без зачудување, сите изработки се продадоа во еден миг.„

Новогодишната атмосфера беше надополнета  со дуржба со омилените ликови од цртаните филмови преку разни едукативни игри, прикажување на претставата ,,Дедо Мраз е на пат’’ од театар ,,Колозов“ , а новогодишната радост ја надополни присуството на најпосакуваниот гостин – Дедо Мраз, кој што им подели новогодишни пакетчина на дечињата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...