Дваесет и тројца стипендисти на Општина Кочани ги потпишаа договорите за користење на стипендијата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Дваесет и тројца студенти од Кочани денеска ги потпишаа договорите со Општина Кочани за користење на општинска стипендија за академската 2024/2025 година.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов им ги додели договорите на студентите при што им посака успех во понатамошното студирање.

– Се надеваме дека општинската стипендија е добра мотивација и поддршка за да постигнувате натамошни успеси во вашето студирање. Стипендирањето од Општина Кочани ви овозможува да бидете дел од потенцијалните кадри што ќе работат во јавниот или во приватниот сектор, да се пронајдете како поединци, како професионалци во областите во кои се образувате. Сметам дека многу брзо ќе бидете корисни граѓани за Кочани и се надевам дека ќе се присетите на симболичната поддршка што сте ја добиле за време на студирањето – рече во своето обраќање пред студентите градоначалникот Папазов.

Конкурсот беше распишан за 30 студенти на прв циклус студии на јавните високообразовни институции во Македонија. Иако имаше посебни критериуми за користење стипендии за студенти од ромската етничка заедница, за студенти лица со попреченост и со ретки болести, оваа година по тие основи немаше ниедна пријава. Сите доделени стипендии се во категориите на висок успех, медицински науки и од социјално загрозени семејства.

Месечниот износ на општинската стипендија годинава е 3.500 ден. и се издава десет месеци.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пониква со потенцијал за модерен зимски центар

И покрај поволните снежни услови, ски-лифтовите на Пониква моментално не се во функција поради тековна тендерска постапка за избор на оператор, која според најавите треба да заврши во среда. Сепак, зимската сезона на оваа планинска дестинација не е целосно запрена. Ски-школите на Пониква активно функционираат и секојдневно работат со деца, кои ги прават своите први

Тешка сообраќајна несреќа во Кочани: возач пренесен на лекување во Скопје

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 15:43 часот во Кочани, на улицата „Маршал Тито“. Патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.П. од село Чешиново, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош во Општата болница во Кочани, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и