Рудник САСА и за овие празници ја продолжи традиција на поддршка за локалната заедница и своите вработени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници Рудник САСА реализираше неколку активности со цел да ги награди своите вработени и да придонесе сите во локалната заедница да ја почувствуваат радоста на празниците.

И оваа година сите вработени во Рудник САСА добија новогодишен бонус и пригодни подароци, во знак на благодарност за нивната посветена работа во текот на целата година и нивниот придонес за успехот на компанијата.

Поделени беа и над 600 новогодишни пакетчиња за децата од локалната детска градинка и од основното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

Дополнително, донации во пакети со храна и други основни производи беа обезбедени за 227 семејства од социјално ранливи категории во локалната заедница, a доделена е и соодветна поддршка за корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост во Македонска Каменица.

Продолжувајќи ја востановената традиција, претставници од менаџерскиот тим на Рудник САСА ќе ги посетат дежурните тимови во службите за итна медицинска помош, противпожарната единица, полицијата и вработените во Рудник САСА кои ќе работат на новогодишната ноќ. На сите нив ќе им ги честитаат празниците и ќе им предадат пригодни подароци.

„Овие активности ја одразуваат нашата континуирана посветеност за благосостојбата на заедницата и нашите вработени. Радоста што ја носат овие празници сакаме да споделиме со сите, бидејќи веруваме во важноста на поддршката и солидарноста“, велат од Рудник САСА.

Претходно оваа година, рудникот донираше и нов современ систем за ЛЕД-осветлување на спортската сала при основното училиште во Македонска Каменица, која ја користат и неколку локални спортски клубови. Оваа донација е дел од континуираните напори на Рудник САСА за подобрување на локалната спортска инфраструктура и поддршка на развојот на младите спортски таленти во локалната заедница.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

53 годишен маж од Кочани тешко повреден додека работел во виничко

На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат