🎥Тридневен Новогодишен Базар кај Градскиот саат 👌

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Втора година по ред Новогодишен базар на домашни производители во организација на Слоу Фуд Прилеп и Општина Прилеп на платото кај Градскиот саат. Забава, греано вино и ракија, домашни ракотворби, мед, сирење, вино, книги, украси зимница…Последната сабота од 2024 та година убав начин да се направи пазар на квалитетни производи од вредните раце на членовите на Слоу Фуд од Прилеп и од другите градови.

– Ова е добар начин, а и добар потег граѓаните да имаат предновогодишна забава. Ваквиот базар треба да биде традиционален, очекуван беше, има потреба од вакви базари. Годинава имаме многу поголем број на изложувачи, околу 30, има домашни преработки, сувомеснато, мед, сирење, декорации, имаме се’ за секого. Бенефитот е тој што малите, локалните производители, да се промовираат тука, дома. Најчесто производителите ни се од Прилеп, од локалните градови, Кавадарци, Неготино…Во цените може да има разлика, но некоја минимална, но со тоа што овие производи се направени со многу љубов, повеќе труд е вложено во нив, рече Тодорка Наумоска Димески, претседател на Слоу Фуд Прилеп. 

На базарот од денеска па до понеделник има шаренило од богата понуда создадена од директните производителите.

– Овде немаме втора рака на препродавачи, туку директно купувате од тој кој што директно ги создал производите. Интересно е што луѓето уште пред да започне овој базар беа постојано во контакт со нас како Слоу Фуд организација и прашуваа кои ќе бидат изложувачите, се интересираа.. Се надевам дека наредната година ќе биде уште помасовно. Со оглед на интересот вакви базари ќе организираме и во текот на годината, посочи Гоце Бумбароски од Слоу Фуд Прилеп. 

Со овој базар се збогатува предновогодишната програма на Прилеп посочи градоначалникот Јовчески:

-Со големо задоволство и чест денеска започнува нашиот традиционален базар, кој што точно овде на платото на Градскиот саат го организираме втора година. Нашите производители ги изложуваат своите производи, работи кои што можат да послужат и како новогодишен подарок. Програмата е збогатена со многу забава и музика, детско катче, а тука е и Дедо Мраз. Прилеп од денеска до понеделник ќе ја збогати новогодишната и предновогодишната програма.  Имаме и новогодишна програма која што започнува со детскиот фестивал „Весели ѕвончиња“, а програмата за новогодишната ноќ збогатена и со изведувачи, дискџокеи за повозрасните, со убава забава да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата година, рече Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп. 

Новогодишниот базар денеска привлече големо внимание кај прилепчани, а платото кај Градскиот саат беше центар на дружењето и пазарот за празничните денови кои следат.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Не’ очекува ли ценовен шок со растот на цената на нафтата?!

Растот на цените на енергенсите на светските пазари повторно го отвора прашањето за нивното влијание врз инфлацијата во Македонија. Економистите предупредуваат дека инфлацијата предизвикана од енергенси е особено чувствителна, бидејќи ги погодува речиси сите сектори од економијата, транспортот, индустријата ,земјоделството, каде што горивото и енергијата се важен дел од производствените...

Прилепскиот театар ја подготвува претставата „Саатот“

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Саатот“ од Лидија Митоска Ѓорѓиевска, во режија на Кристина Димитрова. Костимографија и сценографија: Благој Мицевски. Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата ќе настапуваат: Димитар Ѓеорѓиевски, Наташа Ачански и Филип Јездиќ. „Саатот“ е интимна трагикомедија со апсурдни и постмодерни драматуршки елементи. Двајца актери на...

Прилеп: Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп –...

Во Градската библиотека Борка Талески денеска се одржа Јавна расправа иницирана од Министерството за животна средина  и просторно планирање, на која беше презентирана изготвената Студија за оцена на влијание врз животната средина за  Проектот:  “Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола“. На јавната расправа учествуваа...