СУ „Љупчо Сантов“ на Државен натпревар од хемиско – технолошка струка….Гразданова најуспешна, добри постигнувања на Мемедова, Петров и Златкова

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 12 декември во просториите на СУГС “Димитар Влахов” во Скопје, а во организација на Здружението на наставници хемичари и технолози од училишта со хемиско-технолошката струка – “Дијаграм”, се одржа Државниот натпревар за средни стручни училишта од хемиско – технолошката струка.

Свое учество на истиот имаше и СОУ “Љупчо Сантов” – Кочани во сите четири индивидуални категории (Тест, Презентација, Експеримент и Изработка на готов производ), како и во екипната конкуренција.

Учениците од СОУ “Љупчо Сантов”, менторирани од своите предметни наставници, успешно ги демонстрираа своите знаења и практични вештини во областа на хемијата и технологијата, при што ги постигнаа следниве значајни резултати:

Индивидуални резултати: 1. Категорија: Тест Ученичка: Надалина Грозданова, IV-7 паралелка Ментор: Ирена Димитрова Јорданова – Освоено место: 1 место

2. Категорија: Експеримент Ученичка: Иљајда Мемедова, III-8 паралелка Ментор: Борче Алексов – Освоено место: 2 место

3. Категорија: Презентација Ученик: Филип Петров, II-8 паралелка Ментор: Борче Алексов – Освоено место: 3 место

4. Категорија: Изработка на готов производ – Ученичка: Јасна Златкова, III-8 паралелка – Ментор: Борче Алексов Освоено признание: Благодарница

Екипен резултат:

СОУ “Љупчо Сантов” во екипната конкуренција – 2 место.  Овие успеси се резултат на континуираниот труд и посветеност на учениците и нивните ментори, кои заеднички придонесуваат за унапредување на образовниот процес и развојот на практичните вештини во областа на хемиско-технолошката струка.

СОУ “Љупчо Сантов” продолжува да ја одржува традицијата на одлични резултати и активно учество во вакви значајни натпревари.

СОУ “Љупчо Сантов”

 

Originally published at {{feed_name}} by {{post_author_name}} 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

53 годишен маж од Кочани тешко повреден додека работел во виничко

На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат