Мирчески: тутунот e светски бренд, а не трн за да се откупува во една класа!!!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Долгогодишниот тутунопроизводител, прилепчанец, познат на прилепската и македонската јавност како еден од организаторите на протестите на тутунарите во 2020/21 година, Игор Мирчески, денес живее и работи во странство. Како што вели редовно ги следи настаните поврзани со производството и откупот на тутунот и не може да остане рамнодушен на двегодишната практика за откуп на производството само во прва класа. Овој начин ги става тутунарите во подредена состојба со која се обезвреднува квалитетот од една страна, а државата со тоа губи: продукцијата се намалува, извозот исто така . „Проценката според класи, согласно квалитетот е најважна,“ посочува Мирчески:

Македонскиот тутун е бренд кој е граден со децении и генерации и кој заради својот посебен квалитет станал познат и признат во светот и само заради тој исклучителен квалитет станал БРЕНД и опстоил како таков до ден денес. Почитувани тутунари, Вие произведувате тутун кој е светски БРЕНД, кој што само поради квалитетот кој го има и кој се градел 200 години опстоил и станал важна состојка во многу производи кои низ годините станале многу препознатливи и единствени светски БРЕНДОВИ. Во моментот тој наш БРЕНД е под напад на многу манипулативен начин со цел да се минимизира и релативизира неговиот квалитет и од светки позната суровина да се сведе на откуп на обичен трн кој расте во природата и за кој не е важен квалитетот и може да се откупува во една КЛАСА и може да се произведе од било кој и каде било насекаде во Светот!!!

ЗАТОА ВЕ МОЛАМ: не наседнувајте на овој план на откупувачите кој отпочна во минатата и се реализира и во оваа реколта. Вие тутунопроизводителите МОРА да сфатите дека ова не е откуп во прва класа, ова е откуп во ЕДНА КЛАСА, откуп кој што промовира дека квалитетот воопшто не е важен. Напротив драги мои, секаде во светот квалитетот е тој што ја диктира цената и по тоа се вреднува секој производ.

Имајте на ум, вие не продавате ТРЕВА, вие произведувате светски познат бренд и како таков тој треба да се вреднува и да се ПЛАТИ. Зар навистина мислите дека откупувачите од жал за производителите сега се одлучиле за откуп во прва класа? Откуп без одбитоци на песок, влага и НТМ ? Затоа јавно апелирам до Владата, до МЗШВ и сите институции кои се задолжени да ја штитат оваа важна индустриска гранка, да го заштитат ова национално благо и да го спречат овој обид кој ќе води до уништување на целиот сектор и БРЕНДОТ создаван со генерации познат под епитетот ЖОЛТО ЗЛАТО!!!

Ваквиот став го делат и актуелните претставници на тутунарите Сојуз на тутунски здруженија. Во последното гостување во програмата „Радио што се гледа“ Кире Ристески, претседател на Сојузот, посочи дека настојувањата на тутунарите се веднаш по завршување на откупот на заедничка маса со откупувачите и ресорното министерство да се договорат реалните откупни цени за наредната реколта.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Бизнисот ги чека парите од унгарскиот заем, банкарите ќе подржат продуктивни проекти, исплатат во првиот квартал 2025

Бизнисот ги чека парите од унгарскиот заем, банкарите уверуваат дека ќе ги поддржат сите продуктивни проекти. Исплата се очекува во првиот квартал од новата година, беше кажано на денешната средба на УО на регионалната стопанска комора-Прилеп. Од бизнис-секторот соопштуваат дека сè уште не е познато кои се критериуми кои треба...

Без Македонија не можам! – За Радио Пела – спортскиот коментатор Тони Стојановски (ФОТО)

На спортски план ќе ја паметиме 2024 годна,  дали задоволни од успесите на македонските спортисtи или од богатиот реперторар на светски спортски случувања тоа останува на нас .За Радио Пела во завршните  моменти од оваа година имаме и супер соговорник, нашиот спортски коментатор Тони Стојановски кој со својот говор на...

За 15-тина минути две сообраќајни несреќи на прилепските улици

На 26.12.2024 во 22.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот. Од страна на Итна медицинска помош Прилеп С.М. бил пренесен во Градска...