Промовирана „ „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова“ – Јас сум Македонка родена во Кочани !

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Малина Попиванова и нејзиното семејство, едно од првите во Кочани што ја прифатило комунистичката идеја, беа епицентар на исказите што можеа да се слушнат на промоцијата на книгата „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова“, чии автори се Доне Донев, професор по македонски јазик, и Ѓорги Ајановски, новинрар, кој објави серијал за Попиванова во весникот „Нова Македонија“ пред повеќе од дваесет години.

Промоцијата се одржа во Библиотеката „Искра“, промотор беше универзитетскиот професор, Виолета Ачкоска, делови од нигата читаше актерот Страшко Милошевски.
На промоцијата присуствува членови на семејството на Малина Попиванов, меѓу нив и Оливер Попов, внук на Попиванова, кој за пориликава допатува од Шведска каде што во моментов живее.
Свои моменти пред публиката што ја наплни малата сала во Библиотеката „Искра“ имаше и еден од авторите, професорот, Доне Донев.
Издавач на книгата на Донев и Ајановски е Печатницата „Европа 92“. Без чувството за  за важните работи од историјата на ова поднебје и на Македонија,  што го поседуваат првите луѓе на кочанската печатница, „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова“ многу потешко би се појавила пред читателската публика.

Originally published at {{feed_name}} by {{post_author_name}} 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани: Работите се менуваат…

Професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците од Добрововолното противпожарно друштво-Кочани на 16 март 2025 година учествуваа во гаснењето на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Професионалците и доброволците сплотени и единствени спасија и голем дел од повредените млади луѓе. Една година по трагедијата во Кочани во која згаснаа 63 животи, а над 200

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша