ДЛУП со изложба во Лувр

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Друштвото на ликовните уметници од Прилеп, вечерва од 19.00 часот во прилепското кафуле Лувр, ќе ја претстави последната изложба за годинава.
Проектот е насловен „Избери ме“, а носител е ликовниот уметник и ликовен педагог Александар Џинго. Овој проект како што вели тој,  е сублимат на уметниковото суштествување и идеалот на сопствената филозофија.
Со свои дела ќе се претстават уметниците Кирил Гегоски,  Александар Џинго, Емил Солески, Елена Димоска, Методи исков, Маја Ралева Миладиновски, Славчо Павлоски, Филип Јовески, Верче Николовска, Марајн Стојаноски, Филип Перески, Стефан Анчевски, Дарко Талески.

Всушност „Избери ме“ претставува обелоденување на душата на уметникот и повикува на интеракција со набљудувачот за разбудување на важноста на уметноста во секојдневниот живот. Да се избере, е да се остави простор на секој уметник да ја понуди својата естетска вистина Преку уметничкото дело да ја избериме уметноста како највисок фактор за препознавање на една култура, традиција и цивилизациски развој-велат организаторите.

Проектот е поддржан од Општина Прилеп.
Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...