Со Господ напред и се плоди нашето племе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Токму денес, на големиот празник „Св. Никола“, патрон на градот Прилеп,  во прилепско Небрегово е роден великанот Блаже Конески.
Академик Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, поет, прозаист, есеист, книжевен истроичар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје и е еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик. Во продолжение, со вас почитувани читатели на нашиот портал и слушатели на мултимедијалниот медиум Радио Пела, ја споделуваме песната „Свети Никола“ од Блаже Конески. Честит празник!
СВЕТИ НИКОЛА
Блаже Конески
Свети Никола златен
пак сè си принесе што треба.
Го пречекавме и со посна сарма,
и со грав и со риби на кромид.
Не е како некогаш
кога спроти празникот ќе изнадојдеа
сега покојните
и ќе седнеа околу трпезата.
Се почнуваше со леблебии,
расол и сторени пиперки,
мезе за домашната ракија.
По вечерата идат комињакот
и скажувањата.
Потоа гостите легнуваа
кој каде се нашол.
Ордан, тетин ти, Бог да го прости,
нели беше пцалт,
ќе запееше во сонот:
„Господи, помилуј!“
И потоа тивнуваше ноќта.
Тоа што минало – минало.
Ама сепак, сполај му,
еве нè живи со Господ напред
и се плоди нашето племе.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...