Награда од Oпштината за пожртвуваност на пожарникарите во гаснењето на пожарите ова лето

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Првата точка на дневен ред, предлог- одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп ЕЛС Општина Прилеп за 2024 година наиде на низа дискусии кај советниците, на денешната редовна седница на Советот на Општина Прилеп. „Камен на сопнување“ меѓу советниците беше одлуката за набавка на возило во висина од 65 илјади евра за потребите на Градоначалникот, каде советниците од опозицијата бараа одговор на оправданоста од набавката на автомобил по оваа цена.

“Возилото ќе остане во сопственост на општината.  А, вие знаете со какво превозно средство овој цел мандат градоначалникот ги обавуваше обврските во цела Македонија. Мораме да бидеме свесни дека безбедноста на Градоначалникот е важна, како и на луѓето кои се возат во тоа возило.

И, тоа треба да бидат на највисоко ниво и треба да ни’ биде приоритет.  Во толкаво истрошено и амортизирано возило, навистина е срамота да се вози еден градоначалник и ова возило кое ќе биде обезбедно сега, ќе остане за идните градоначалници. И, не е во ред оваа точка, која има само за цел техничка пренамена на средствата од Буџетот да биде искористена за дискусија за јавната набавка на возило кое ќе биде во намена за потребите на општината,“ – реплицираше претседателката на Советот на општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, на обвинувањата на опозицијата.

На оваа седница советничката група од опозицијата поднесе барање до Советот на Општина Прилеп за дополнување на дневниот ред за „информација за актулната безбедносна состојба во Прилеп“, со образоложение дека безбедносната состојба во Прилеп не е на завидно ниво бидејќи за краток период се опожарени неколку возила, во двор е фрлена бомба, огнено оружје се носи во угостителските објекти. По оваа точка беше одлучено да се дискутира на наредната 54-та седница (која е најавена да се одржи на 26 декември), со подетални информации од ОВР-Прилеп.

На оваа седница едногласно беше прифатен предлогот на пожарникарите од ТППЕ -Прилеп да им бидат доделени 900 000 денари за нивната пожртвуваност при гаснење на шумските пожари ова лето.

Советниците  со мнозински гласови го усвоија тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари Прилеп, за период од 1-ви јули до 30 ти септември, дадоа овластување за потпишување на анекс на колективен договор за уредување на правата и обврските од работен однос на вработените во ова јавно претпријатие, согласност на одлуката за расходовање и отуѓување на оградата  на ЈОУДГ „Наша иднина“- Прилеп, како и решението за именување на претставник во УО на ООУ ,,Рампо Левката ‘’- Прилеп и  одлука за давање позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ ,,Гоце Делчев’’- Прилеп, и усвоија одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект по барање на физички лица.

Со мнозинство на гласови беше усвоена одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележја-спомен плочи поставени на сквер (патека) во чест на славните личности од областа на културата од Прилеп. Одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект по барање на физички лица.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...