ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во заедничката акција што ја спроведоа Прилепска Пиварница, Пакомак и Ball Corporation под слоганот „Затвори го кругот, рециклирај за одржлива иднина“, процентот на рециклирање лименки се зголеми за импресивни 64 %, во рамките на системот Пакомак и брендот Прилепска Пиварница, од почетокот на кампањата, што потврдува дека граѓаните одлично реагираат на програмите за рециклирање и ја разбираат важноста на циркуларноста на алуминиумските лименки, изјави Александар Матески, директор за правни и корпоративни работи на Прилепска Пиварница.

Акцијата „Затвори го кругот, рециклирај за одржлива иднина“ се спроведува на територијата на Северна Македонија од август и ќе трае до крајот на оваа година со идеја да продолжи во 2025 година. Акцијата ги ангажира и ги повикува потрошувачите искористените алуминиумски лименки за пијалаци од Прилепска Пиварница да ги одложат во повратните вендинг машини на Пакомак, а потрошувачите за возврат ќе добијат 5 зелени поени на апликацијата Екомак, преку кои ќе можат да добијат бројни попусти и поволности. Досега потрошувачите добиваа по еден зелен поен за рециклирани лименки и ПЕТ амбалажа.На овој начин, клиентите се мотивираат да рециклираат, но и да ја променат нивната перцепција кога станува збор за искористената амбалажа – да ја гледаат како ресурс, што е, а не како отпад.

Во моментов, во Северна Македонија има мрежа од 63 машини за рециклирање, а Пакомак – националниот оператор за управување со отпад од пакување, постојано работи на проширување на постојната мрежа, која до крајот на годината ќе брои 70 машини за рециклирање.

„Бројот на потрошувачи, корисници, кои досега се вклучиле во акцијата е повеќе од 5.600, тие собрале околу 80.000 искористени лименки, кои ќе се рециклираат, а најревносниот потрошувач собрал неверојатни 1.335 лименки“, изјави Ико Брдароски, заменик на Генералниот директор на Пакомак.

Ball Corporation, светски лидер во производството на амбалажа – алуминиумски лименки за пијалaци, како и производи за лична и домашна употреба, кој својата лидерска позиција ја брани со иновации, одлични деловни односи со клиентите, како и одговорен однос кон животната средина, придонесе за реализација на акциите за рециклирање.

„Ова е еден од начините да се придонесе за зачувување на природата, бидејќи со подигање на свеста за потенцијалот на рециклирањето, придонесуваме за намалување на отпадот и загадувањето на нашата животна средина.Алуминиумот е многу стабилен материјал кој може повеќекратно да се рециклира без губење на квалитетот и својствата и затоа не треба да заврши на депонија, а особено не во природа“, изјави Јелена Петљански, менаџерка за одржливост и јавни работи во компанијата Ball Corporation и додаде: „Искористената лименка за пијалак, доколку влезе во процес на рециклирање, можно е повторно да се најде на полиците на продавниците и супермаркетите за 60 дена, а тоа навистина е така, што се потврдува со фактот дека во производите – лименките што ги произведува Ball Corporation – содржат 70% рециклиран материјал“.

Свеста за тоа колку е важна заштитата на животната средина за иднината на сите нас стана централна тема на пошироката јавност, но и неизбежен дел од работењето на компаниите кои сакаат да останат конкурентни во иднина.Ваквите акции претставуваат пример за добра практика, а одговорот на граѓаните ја потврдува заедничката подготвеност и волја за промена на односот кон рециклирањето и заштитата на животната средина.

пр објава

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...