Шубо беше тогаш : Ко “че” се договориш пред реклами , договорено е !! (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Младоста ја поминав во Прилеп , корзото полно со млади , после во Липа на музика , мирно без стрес , а после за враќање се знае пред РЕКЛАМИ , убави времиња и нераскинлива меморија за тоа кај  да се најдиш со пријателите.

Ехее тоа беа времиња,  со постери пред  РЕКЛАМИ  се прикажуваа филмовите од едната а од другата страна за следната недела.Тоа беше главно собиралиште за состаноци на сите.Тоа беа времиња , Прилеп град на младоста и љубовта.

Тоа беа времиња , тука си ја фатив жена ми пред реклами , тогаш само речи пред РЕКЛАМИ  и че дојди со че прај !

Секоја мајка можеше да си го најди чедото каде ? Па пред РЕКЛАМИ нормално , сега за жал немаме такви култно место !

Вака некако изгледаат коментарите на оние кои навистина ги доживеале моментите поминати во времето кога главно место за собирање и за дружба беа рекламите во центарот на Прилеп.Прилепчани барем сега кога владее дигиталната ера , можат да се потсетат преку различни коментари и навраќања на едни убави времиња кога се разбира дека РЕКЛАМИТЕ ги правеа среќни.Многу спомени се исппреплетени на оваа локација која во денешно време само го користи името , но ја изгубила поентата која ја имаше некогаш.

Кој знае можеби ќе се појават нови РЕКЛАМИ ?  или пак само ќе продолжат сеќавањата за оваа култна позиција која многу ретко ја имаат други градови , зашто ова е една местоположба која некогаш ги спојуваше и ги хранеше со љубов , енергија и мотивација многумина!

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...