Иницијативниот Одбор на ЛДП: Демократија и самостоен настап за ЛДП

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Иницијативниот одбор за демократизација на Либерално-Демократска партија денес во Кочани одржа трибина со претседателите, советниците и членовите на општинските организации на ЛДП од изборна единица број 3 и 4 на тема “Проблемите и предизвиците со кои се соочуваат Општински организации и членовите на ЛДП”.

Заборавени и игнорирани од раководство на ЛДП Општински организации од истокот се разочарани од недемократскиот однос и капацитет, притисоците, заканите и манипулациите на раководството на ЛДП.

Во партијата нема никаква транспарентност, отчетност, демократичност, почитување на право, статутот и легалистичкиот пристап, веќе нема ни Л од либерализам, се гуши правото на сопствено мислење, односно се погазени и уништени сите вредности кои преставуваа карактеристика на ЛДП и претставуваа вредности со кои сите ние како членови се гордеевме. Денес, во ЛДП се распуштаат Општински организации кои се спротивставуваат на политиките на неколкумина кои поради личен интерес ја држат ЛДП во заложништво, се формираат фиктивни општински организации со фингирани Собранија без да се информира целокупното членство, се заплашуваат членовите и им се врши притисок да го напуштат Иницијативниот одбор.

Но на нивна жал и за среќа на демократијата во ЛДП до денес, ниту една општинска организација од 22 потпишани не се откажува од иницијативата и продолжуваат со своите активности за ослободување на ЛДП од група на луѓе кои ја држат во заложништво целата партија.

Уште еднаш апелираме до раководството да се откажат од идеите за предизборни коалиции за локалните избори, да не го манипулираат членството дека веќе имаат некакви договори и итно да започнат со подготовки за самостоен настап на ЛДП.

Партијата не е на распродажба и таквиот пазарџиски однос на раководството кое ги гледа само сопствените интереси а не партиските, ЛДП ќе ја однесе на буништето на политичката сцена.

Иницијативниот одбор нема да прифати и поддржи никаков предизборен договор со било која партија.

Партијата мора да се подготвува за самостоен настап…

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени