Сoвремени театарски осврти-новообјавена книга на Звонко Димоски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Новообјавената книга „Современи тетарски осврти“ од Звонко Димоски е збирка есеи која се обидува да го почувствува пулсот на современата театарска сцена во Македонија преку анализа и интерпетација на одбрани претстави во продукција на националните тератри, како и независните продукции во периодот од 2021 до 2024 година.

Авторот на книгата, м-р  Звонко Димоски, културолог и преведувач, во предговорот кон книгата објаснува дека преку книгата се стреми да ги покажe трендовите и предизвиците со кои се соочува современиoт македонски театар, но и да ја прослави неговата моќ како медиум за комуникација и трансформација.

 Тетарската анализа, дури и таа најкритичната, не е фронт на спротивните табори- уметници против критичари-туку заеднички напор за унапредување на театарската уметност. Нејзината вистинска мисија е да биде мост меѓу изведбата и публиката поттикнувајќи  подлабоко разбирање и вреднување на театарската форма-пишува Димоски во предговорот кон книгата.

Писателката Габриела Стојаноска Станоеска, во рецензијата на книгата „Современи театарски осврти“ го нагласува недостатокот на книги и текстови кои се занимаваат со критика и токму затоа го поздравува прекинувањето на молкот во македонската култура преку делото на Димоски.

Од многуте значења на овој критичко-есеистички и теориски ракопис, во оваа прилика, нагласуваме две клучни: книгава е битно, компресирано сведоштво, документарен и вредносен монумент на состојбите на театарските сцени денес, а од друга страна ја има улогата на Хермес, на посредник помеѓу високите сфери на уметноста и обичниот гледач од нашето секојдневие кому му се нуди палета читања, толкувања и разјаснувања на презентираните естетски и комуникациски пораки, лични ставови на Димоски со кои може да се досликаат индивидуалните согледби на читателите и гледачите, имајќи ја во секое време, како најмоќен адут на располагање, штедро дадената слобода и можност за несогласување, неприфаќање, дебатирање и изнесување на поинакво лично доживување, мислење и толкување-подвлекува Стојаноска Станоеска.

Новинарката Сребра Ѓорѓиjевска пак, во нејзината рецензија кон „Современи театарски осврти“ од Димоски, пишува за комплицираноста да се биде објективен критичар во малата културна средина од една страна, но и аргументираните ставови лишени од субјективизмот кој ги пласира Димоски во своите дваесетина осврти објавени во книгата.

Посебна доблест на Димоски како автор, а и на оваа книга, е што речици еднакво обрнува внимание на независната и на националната театарска сцена. Звонко Димоски во своите рецензии им дава крилја на театарските ентузијасту за да летаат, да создаваат, Тој истакнува проблесоци кои се често похрабри, подобри и посовремени од тие што се сработени на нацоналните сцени со многу покомотни буџети-нагласува Ѓорѓијевска.

Читателите во книгата ќе ги сретнат освртите за претставите „Круг“ на прилепскиот народен  театар, „Инферно“ на велешкиот народен  театар, „Артуро Уи“ на битолскиот народен театар , „Сите сме птици на Македонскиот народен театар, Три сестри на Албанскиот театар, но и на копродукцискиот проект „Човек перница“ на Турскиот театар и „Машина продакшн“, „Скопјани“во режија на Милош Б. Андоновски, „Елегија во пет здива“ во продукција на Филип Петковски и велешкиот народен театар, „Кенди“ на независниот театар „Златен Елец“ и други.

 

Филип Димкоски

фото: приватна архива на авторот на книгата

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските Пратениците ќе бараат законски да не се увезува тутун додека не се откупи домашното производство

Прилепските пратениците најавуваат измени на Законот за тутун и производи од тутун. На средба со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, па објавија на Фејсбук , пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп – Петар Ристески, Билјана Кузманоска и Дејан Проданоски пишуваат дека договараат измени и дополнувања на Законот за тутун, за да не...

МВР бара 150 полицајци

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за прием на 150 униформирани полициски службеници, кои ќе бидат распоредени во Секторот за внатрешни работи Скопје. Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено четиригодишно средно образование, да се државјани на Република Северна Македонија и да не бидат постари од 25 години. Потребна е и...

Секогаш во интерес на спортот и младите- Комфи Ангел донираше 1.400 перници и 220 наддушеци за студенските домови во Скопје 

Компанијата Комфи Ангел, во соработка со Министерството за спорт, донираше 1.400 парa перници и 220 подлоги за јога за потребите на Европските олимписки младински игри – Скопје 2025 (EYOF Skopje 2025),  каде што ќе бидат сместени дел од учесниците на олимпијадата. А, со оваа донација, Комфи Ангел се вклучува во подготовките за еден од...