Анализа: Младите би се вратиле доколку имаат подобри услови за живот, а не е клучна висината на платите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како да се намали дисбалансот во развојот на планските региони во Македонија? Кои сектори имаат можности за развој според потенцијалот во Пелагонискиот плански регион? Здружението за истражување и анализи ЗМАИ презентираше Анализа за паметна специјализација денеска во Центарот за претприемништво и креативност, Економски факултет – Прилеп насловена „Паметен развој на Пелагонискиот плански регион”.

Клучните наоди од анализата на јавното мислење и фокус групите во рамки на проектот „Паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион“ поддржан од Министерството за локална самоуправа се дека поедини сектори имаат голем капацитет за развој.

Она што беше нашата цел е преку 3 типа на анализи да покажеме каде ни се можностите за развој на Регионот: кои дејности треба да се создаваат и во која насока да се движи. Во моментот, дејностите кои се активни во Регионот не донесуваат соодветни развој и раст на платите, на работните места и на приходите на Регионот за да може да продолжи развојот. Но кога говориме за знаење, Регионот тоа го поседува и има луѓе и млади кои живеат во регионот и низ целиот свет кои можат дополнително да придонесат со своите знаења. Ние сакавме да ги мапираме можните дејности кои треба да се создадат и да се развијат за регионот да оди напред. Работевме и со секторите за Локален економски развој од градовите во Пелагонискиот регион, рече Јована Аврамовска Николовска од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“.

По Скопскиот, Пелагонискиот регион е втор по приход во државава, за забрзан развој  потребно е унапредување на дејностите преку соработка меѓу научните институции и бизнис-секторот, како и програми за менторство.

Примери за области кои може да се развијат: специјализирани градежни работи, дејности за нега на телото, огласување преку медиуми, особено се интересни дигиталните медиуми, финансиско посредување. Тука економскиот факултет може многу да помогне. Финална обработка на производи, без разлика дали е во прашање земјоделството или минералните суровини, потоа поттикнување на производство на опрема за параглајдерство. Треба сериозно да се работи на поттикнување на претприемничкиот дух, особено кај младите за да сакаат да започнат свој бизнис, но и кај возрасните кои го имаат искуството. Младите би се вратиле доколку имаат подобри услови за живот, а не е клучна висината на платите, вели Аврамовска Николовска.

Во фокусот на промените е дигитализацијата и нејзината примена за унапредување во различни сфери имајќи ја во предвид паралелно и зелената агенда и транзиција.

Тука, пред сѐ се мисли на големиот потенцијал кој го има Пелагонискиот регион во однос на развојот на земјоделството, но не на екстензивен начин како досега, туку со примена на најсовремени технологии, иновации, како што се примена на дронови, роботи, со што земјоделството би било многу попродуктивно и, секако, поатрактивно и за помладите генерации. И Пелагонискиот регион се соочува со депопулацијата, сѐ повеќе снемува работна сила, односно работодавците се соочуваат со проблеми да најдат работници, па дел од решението на овој проблем е прифаќањето на дигиталните технологии каде младите го имаат главниот збор, вели Димитар Николоски, професор на Економскиот факултет во Прилеп. 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...