Општина Зрновци објави Јавен повик за стипендии за ученици и студенти за учебната 2024/2025 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Зрновци објави среќна вест за учениците во основно и средно образование, студентите запишани во прва година и редовните студенти на државните универзитети, како и за талентираните ученици кои даваат значителен придонес во развојот на спортот и културата во општината.

Според донесениот Правилник за стипендии и награди за ученици и студенти за учебната 2024/2025 година, Советот на општина Зрновци објави Јавен повик за аплицирање за доделување стипендии.

Повикот ќе трае 10 дена и е објавен на веб-страницата на Локалната самоуправа на општина Зрновци.

Во контекст на прогресивната политика за развој на општината, се нагласува важноста на поддршката за учениците и студентите. Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на создавање еднакви можности за сите во процесот на образование, со акцент на позитивната социјална политика која обезбедува поддршка за секој ученик и студент.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Твојата следна кариерна прилика те чека!

Твојата следна кариерна прилика те чека! Антариас бара агенти за продажба во Кочани ! Информации на: 070/325-535 Локација: Спроти Паркот на Револуцијата

Градежната компанија „Техком“ вработува..

Сакаш работа што носи сигурна плата, напредување и одлични бонуси? ТЕХКОМ од Кочани вработува веднаш! Потребни се армирачи, бравари и ракувачи со градежни машини! Нудиме редовна плата, одлични услови за работа, можност за напредување и атрактивни бонуси! Јави се веднаш на 033 271 225 или дојди директно во дирекцијата на ТЕХКОМ во Кочани! ТЕХКОМ –

Оризопроизводителите најавуваат радикални протести поради ниската откупна цена на оризот

Поради ниската откупна цена на оризот,  што се движи од 18 до 20 денари, производителите од кочанско највуваат радикални протести. Од реколтата 2025-та , земјоделците велат дека оклолу  5% е откупен оризот и по цена неприфатлива за нив, а останатите колични им стојат во амбарите. Повече на оваа тема од изјавите на Тони Максимов и