Чешиново-Облешево – покана за втора форумска сесија „Зајакнување на општинските совети“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Чешиново-Облешево  ги поканува своите жители да земат учество во втората форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, која ќе се одржи на 16-ти Декември (понеделник) со почеток од 11.00 часот, во просториите на ООУ „Климент Охридски“ Облешево.

Со своето присуство на граѓаните им се дава можност да ги дефинираат проектите кои сметаат дека се приоритетни и кои треба  да бидат финансирани преку оваа програма.

Проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ е финансиран од страна на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен нов мултифункционален спортски терен во Соколарци – „Адријан и Иван“ во чест на трагично загинатите деца

Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, денеска беше пуштен во употреба нов мултифункционален спортски терен, наменет за спорт и рекреација на младите. Теренот симболично го пуштија во употреба градоначалникот Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески. Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија. Новиот спортски

Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани: Работите се менуваат…

Професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците од Добрововолното противпожарно друштво-Кочани на 16 март 2025 година учествуваа во гаснењето на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Професионалците и доброволците сплотени и единствени спасија и голем дел од повредените млади луѓе. Една година по трагедијата во Кочани во која згаснаа 63 животи, а над 200