Донација од Академијата за роботика и иновации во „Св. Кирил и Методиј“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ се одржа свеченост по повод доделувањето на донација, овозможена од Академијата за роботика и иновации, со поддршка на „Bechtel Corporate“.

Овој значаен чин претставува дел од пошироката соработка помеѓу Општина Кочани и Академијата за роботика и иновации, која има за цел да ги поттикне младите кон креативност, иновативност и развој на вештините потребни за 21-виот век.

Ваквата донација претставува значаен допринос кон креирањето на подобра иднина на децата и младите преку современа и иновативна едукација.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени