Подготовки за Новогодишниот базар и за дочекот на Нова година во Градскиот парк во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани и „Пролет бар“, како избран организатор на јавно наддавање, ги започнаа подготовките за организирање на Новогодишниот базар, настан што во пресрет на Новата година се одржува во Градскиот парк.

Покрај настапите на повеќе естрадни уметници и тематски забави планирани во периодот од 20 декември 2024 до 14 јануари 2025 година, Општина Кочани ќе организира и дочек на Новата година во Градскиот парк.

Музички настан ќе се организира и по повод божиќните празници.

Програмата со сите содржини ќе биде наскоро објавена.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Загина 65 годишник од Истибања, тројца повредени од Штип и Истибања во сообраќајката кај Кочани-Виница

На патот Кочани – Виница вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу „фолксваген туран“ управуван од Ј.Т. (59) од Штип и „мазда“ управувана од З.П. (65) од с.Истибања, Виничко. Во несреќата загина З.П. (65), а со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Т. и сопатниците Г.Д. (65) и Ж.П. (58), констатирани во Општа болница

ЕКСПРЕС ПРЕВОЗ – Брзо и сигурно за Македонија и Европа…..

Експрес Превоз – Наша карго и транспортна компанија Професионален превоз на роба низ Македонија и Европа – брзо, сигурно и по одлични цени! Брза организација на транспорт Сигурен и безбеден превоз Возила со CMR осигурување Професионални и искусни возачи Најповолни цени Без разлика дали е палетна роба, опрема или товар, ние ќе ја доставиме навреме

Во Итната помош во Кочани нападната лекарка

Полицијата во Кочани поднесе кривична пријава против М.Н.(47) од село Бурилчево, општина Чешиново-Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Според пријавата, на 19.12.2025 година, во службените простории на Итна медицинска помош во Кочани, пријавената физички нападнала лекарка. Полицијата информира дека против неа е поднесена соодветна кривична пријава.