Утревечер во прилепскиот театар, претстава за еден трагач по индивидуалната слобода

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Новата претстава „По име Господин“ во режија на Борис Василески утре (6 декември) од 20.00 часот, во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја доживее својата премиера.

Главната улога на Господинот ја толкува  актерот Димитар Ѓорѓиевски, а во претставата играат и Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска.

Режисерот Василески, вторпат режира во овој театар, а на денешната пресконференција по повоод премиерата образложи за каква претстава станува збор.

Претставава е современа фарса која што раскажува приказна за еден човек кого го нарекуваат Господин и тој впрочем патува во потрага по индивидуалната слобода. За жал се занимава со индивидуалната слобода. Велам за жал, бидејќи живееме во едно време на апсолутен индивидуализам. Господин чувствува притисок од капиталистичкиот свет и ги чувствува аномалиите на капитализмот, па тоа им го сугерира на своите блиски пријатели. Но, кога останува сам почнува да доживува една интимна револуција-објаснува режисерот Василески.

Текстот е на современиот германски автор Филип Леле  чиј  специфичен стил се карактеризира со дијалошки и наративни сцени.

Актерот Димитар Ѓорѓиевски кој ја толкува главната улога  задоволен e од текстот и од процесот на создавањето на претставата.

Текстот е многу современ и атрактивен. Ликот на Господинот истовремено е и протагонист и антагонист. Исто така  добро се обработени и другите ликови, меѓутоа доста таинствени, а тоа е нешто што ја „копка“ публиката. Би сакал да кажам дека пред се беше важна енергијата со која ја создававме претставата и постојаната слобода која ја чувствувавме при процесот-рече Ѓорѓиевски.

Раководителот на театарот, актерот Михајло Миленкоски, зборуваше за свежината во театарот која ја внесуваат младите актери од кои голем дел за жал се уште се невработени.

Во  прилепскиот театар почнува да се чувствува една нова енергија. Во нашиот театар ќе играат млади театарски имиња. Во конкретниов проект, вклучени се и млади, невработени актери на кои нашиот театар им дава шанса.-рече Михајло Миленкоски.

Двајцата актери Наталија Ристеска и Дарко Карбески се заблагодарија за поканата и можноста дадена од страна на режисерот и на театарот.

Директорката на Центарот за култура „Марко Цепенков“ под чија надлежност е театарот, Марија Попова Јованоска, најави уште една премиера до крајот на годинава.

Ова е втора претстава од вкупно трите што се одобрени и поддржани за реалзиација од страна на Минситерството за култура и туризам, што значи дека до крајот на годинава ќе имаме уште една премиера.  Ова исто така е втора соработка со режисерот Василески, по минатогодишната претстава „Стапица за глувци“ која беше одлично прифатена од страна на прилепската театарска публика. Па, се надеваме дека и со новава претстава ќе биде така и дека ќе постигне голем успех-рече директорката  Попова Јованоска

По премиерното прикажување на „По име Господин“ утревечер од 20.00 часот, заинтересираната публика претставата ќе може да ја проследи  и на 11 и 12 декември.

 

 

Текст и фото: Филип Димкоски

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...