В петок ќе биде отворена ретроспективна изложба на Васил Костов

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ретроспективна изложба на дел од творештвото на  ликовниот уметник Васил Костов,  со наслов „Сеќавање“ ќе биде отворена в петок од 18.00 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“.  Изложбата ќе ја отвори историчарката на уметност Елена Чагороска.

Последните години од животот Васил Костов ги посветува на непополнети моменти, сеќавања од детсвото, како бегалец од Егејска Макеодија, со многу страдања и слики од доживеани настани. Полн со емотивни чувства, уметникот започнува секоја слика, сеќавања и доживувања да ги сублимира, со идеја да започне серијал на слики насловени како „Сеќавање“ – бегалски сеќавања од 1945 – 1952 година.

Ликовниот профил на Васил Костов е претпознатлив, синоним на континутет и развој на ликовната уметност во Прилеп. Роден е 1939 година во село Ранци, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1960 година. Неговиот творечки опус започнува веднаш по завршеното образование. Со ликовната поставка насловена „Сеќавање“ се заокружува и се остварува замислата на Васил Костов – комлетна презентација на уметничкото достигување, најголем успех во ликовната дејност кој остава печат на уметник на прилепската, македонската ликовна сцена и пошироко.

Делата предизвикуваат естетско доживување, ја покренуваат фантазијата кај гледачите, а уметникот умее да си поигра со колоритот на боите, хармоничност и потези кои го напојуваат окото на гледачот. Благодариме Васил Костов, што сме сведоци на големо незаменливо ликовно творештво, што си дел од темелењето на Прилепската уметност, респект кон твоето творештво и име и ликовните дела кои ќе бидат дел од Македонската ликовна ризница“ – пишува историчарката на уметност Елена Чагороска.

Васил Костов е роден во 1939 година во Ранци, Грција, завршил Школа за применета уметност во Скопје, во 1960 година, а во Друштвото на ликовните уметници на Македонија, членува од 1966 година. Работел како сценограф во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, од  1960 до 2001 година. Како ликовен уметник остварил студиски престои во Париз, Венеција, Москва и Варшава.  Остварил голем број на самостојни и групни изложби, а се до 2022 година, учествувал во сите изложби на ДЛУМ и на ДЛУП. Добитник е на неколку  значајни награди и признанија за сликарство и за сценографија.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: