Филмот „Ескорт“ утревечер во Кино Мис Стон

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Долгометражниот игран филм „Ес­ко­рт“ на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, утревечер (четврток) од 19.00 часот ќе биде прикажан во Кино Мис Стон во Прилеп.

Светската премиера на „Ескорт“ се случи минатата година на седумдесетотот издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска. На фестивалот, филмот ја доби наградата „златна арена“ за најдобра споредна машка улога на актерот Крешимир Микиќ и за сценографијата на Иван Вељача, а режисерот Лукас Нола го доби специјалното признание од оценувачкиот суд на „Кинометража“.

– Ароганцијата, примитивизмот и насилството – од институционален, политички, економски, верски и културен вид – доминираат во општеството и ги диктираат речиси сите негови правила. Оваа доминација не е секогаш гласна и очигледна; често е прикриена и речиси незабележлива, но секогаш е тука. Мојата немоќ и немоќта на луѓето околу мене ми создаваат премногу фрустрации. Мојот гнев кон себе што ја прифатив оваа ситуација е инспирацијата што ме натера да ја напишам и снимам оваа приказна – изјави Лукас Нола во режисерската експликација за филмот.

Македонската премиера пак, се случи во рамките на минатогодишното  издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Приказната го следи Миро кој за време на службено патување, за прв пат во животот, вечерта ја поминува со ескорт дама кој некој ја испратил во неговата хотелска соба. После страстниот секс, тој ја наоѓа девојката мртва во тоалетот. Успешен, среќно оженет и татко на две деца, Миро ја прикрива несреќата со помош на двајца вработени во хотелот, кои набрзо почнуваат да бараат од него да им ја возврати услугата. На почетокот, тоа се мали нешта, но наскоро нивните барања почнуваат да излегуваат од контрола. Двајцата соучесници во неговото „злосторство“ одеднаш добиваат голема улога во неговиот живот, кој никогаш повеќе нема да биде ист.

Влезници за кинопроекцијата во Кино Мис Стон можат да се купат на билетарницата од киното во 
среда и четврток од 10 до 12.00 ч. или еден час пред проекцијата на филмот. Филмот е за лица над 18 години.

 

Известува:  Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Избегната трагедија кога дрво се сруши на коловоз

Краткотраен, но силен дожд, проследен со грмотевици, појава на град и силен ветар што попладнево се случи во Прилеп, сружи дрво во близина на Вазарот, кај кружниот тек кај ЦК Марко Цепенков. За среќа, за малку е избегната трагедија  при падот на дрвото, бидејќи во тој момент не поминал  автомобили...

Прилепската болница се поднови со современ апарат за стерилизирање на опрема

Прилепската болница доби нова современа медицинска опрема што ќе придонесе за значително подобрување за здравствените услуги. Станува збор за високотехнолошки стерилизатор на медицинските инструменти, текстил и потрошен материјал, намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар.

Лукароска: општина Прилеп ја има најлошата и најнеспособна власт во нејзиното постоење

„Актуелниот градоначалник и локалната власт во Прилеп немаат реализирано ниту едно предизборно верување,“ посочи меѓу другото на денешната прес конференција Петра Лукароска, претседателка на ОО на СДСМ Прилеп која обвини за низата од нереализирани проекти. Ја пренесуваме во целост: „Градоначалникот на „скандинавската“ Општина Прилеп, Борче Јовчески и неговата ВМРО-ДПМНЕ, го...