Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање
Општина Виница, вечерва во Домот на културата „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео
Над 1000 планинари од Македонија и странство учестваа на првиот Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ во спомен и чест на младата планинарка и 63 млади лица кои трагично ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Планинарите го искачија врвот Панаѓур (1669 м.н.в) на Осоговските Планини, почнувајки од местото „Аеродром“