Приведен 42-годишен штипјанец, крадел од црквата „Свети великомаченик Георгиј“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 30.11.2024 година во 11.40 часот во Кочани, по преземени мерки во врска со претходна пријава од истиот ден полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(42) од Штип, поради тоа што околу 05.40 часот во верски објект црква „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани со употреба на физичка сила насилно влегол во службени канцеларии на објектот и одзел предмети и пари. При извршен претрес над него предметите биле одземени и вратени. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео