Чтец Иваноски: Да учиме од наследството што ни го оставил Свети Климент Охридски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Разговор со Андреј Иваноски, теолог чтец, претседател на здружението Платформа за креативни концепти-Прилеп

 Моментално во реализација е проектот Денови на Свети Климент Охридски”. Учениците од основните училишта на општина Прилеп и основното училиште од село Долнени Пецо Даскалот”, работејќи на работилници во три групи, по македонски јазик и литература, ликовна уметност и историја предводени од професорите Наташа Кулевска, Александар Џинго и Горјан Василевски, учениците преку работилниците кои се реализираа во административните простории на храмовите “Св. Благовештение”, Св. Кирил и Методиј” и „Св. Петка”, да научат нешто повеќе за ликот и делото на Свети Климент Охридски и тоа да го претворат во творби. Нивните творби ќе се презентираат на завршниот настан на празникот на Свети Климент Охридски на 8.12.2024год. во библиотеката”Борка Талески“-Прилеп.

Вие сте иницијатор на проектот „Денови на Свети Климент Охридски“. Како настана идејата за реализација на овој проект и која е потребата од него?

 

Проектот „Денови на Свети Климент Охридски”, е втор проект од ваков вид. Оваа година, сличен ваков проект реализиравме посветен на македонските и сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј, кој беше насловен „Денови на Свети Кирил и Методиј” и се реализираше од почетокот на месец април, се до завршниот настан на 24.5.2024година, на самиот празник посветен на споменот на светите Кирил и Методиј. Овој вид на проект е своевиден семинар во кој зедоа учество ученици од сите основни училишта од општина Прилеп и еве на овој проект кој моментално се реализира “Денови на Свети Климент Охридски”, зедоа учество и ученици од основното училиште „Пецо Даскалот“ од село Долнени.

Разгледувајќи го материјалот кој учениците го учат во основното образование за својата татковина, историјата нејзина, особено за сѐ она што не издвојува од другите народи, македонската историја, традиција, култура, писменост, духовност, за светите Кирил и Методиј како основоположници на македонската и словенската писменост, нивните ученици наследници на нивното дело, Свети Климент Охридски, Свети Наум, онаа флоскула која не е целосно докажана дека свети Климент Охридски во чест на своите учители ја создал кирилицата, иако е познато дека тој е поборник и основач на првите препишувачки центри во Македонија кои пишувеле на глаголицата, имав за идеја најпрво во соработка со Преспанско пелагониската епархија, со благослов на неговото високопреосвештенство митрополитот г-дин Петар и прилепското архиерејско намесништво, храмовите кои ги посетуваме на секој празник и секоја служба, како теолог сакав да ги доближам до младината, да ги восприемат не само како храмови кои се посетени за службите и празниците, туку и како свои домови, училишта од каде ќе можат да црпат знаење не само во доменот на науката, туку и за православната вера и вечниот живот.

Така се роди идејата најпрво дополнителната настава која наставниците им ја предаваат на учениците пост школското време, наместо да ја одржат во нивните домови, моја идеја беше да се искористат црковните административни згради, па и храмовите за одржување на дополнителната настава. Наидов на позитивен прием од старешините на прилепските храмови кои доброволно прифатија да го отстапат нивниот простор сѐ со цел младината да се доближи до црквата и да ја восприема како свој дом, впрочем и првите училишта во Македонија биле црковните. Потоа гледајќи примери од соседните држави како посветуваат особено внимание и ги прославуваат сесловенските просветители и нивните ученици како свои, како и во Македонија, така сакав и во мојот роден град Прилеп да организирам еден проект кој ќе има за своја цел да ги натера учениците да истражат за Светите Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски повеќе од она што го учат во училиште.

Како течат подготовките и кој се е вклучен во креирањето и реалзиацијата на настаните?

Во реализацијата на овие проекти, а особено голем придонес во создавањето на истите не можам,а да не ги истакнам луѓето кои несебично се вложоја за остварување на овие проекти. Проектите во првичните услови кои ги имаме се наменети за ученици од седмо и осмо одделение кои ја обработуваат материјата за словенската писменост и лекции посветени на Свети Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски. Проектот го замисливме да се работи во три предмети, односно да се работат во три групи на избрани ученици, по македонски јазик и литература, ликовна уметност и историја. Тимот кој стои зад овие проекти се видни наставници и професори, успешни во својата професија кои беспоштедно и доброволно се вложија во креирањето, помошта со своите искуствени совети и реализацијата на овие проекти, а тоа се наставничката Наташа Кулевска по македонски јазик, професорот Александар Џинго по ликовна уметност и наставникот по историја Горјан Василевски, и особено еден од основачите на здружението, Дејан Штаргоски без чија заложба овие проекти не би биле замислени

Многу сум благодарен и задоволен од соработката со Општина Прилеп, Преспанско – пелагониската епархија иИинститутот за старословенска култура од Прилеп кои логистички, финансиски и административно ја овозможија реализацијата на овие проекти како и спонзорствата на Прилепска Пиварница, Витаминка и придонесот на книжарниците “Михаела”, “Макспринт”,”Бамби” и сите останати преку кои обезбедивме материјали за учесниците.  Со овозможувањето на овие два проекти од ваков вид мислам дека Општината треба да ги има  предвид во својата програма како проекти кои се од примарно значење во образованието на учениците, а исто така се и генерациски проекти во кои секоја година ќе се менуваат учесниците, а и нови ќе доаѓаат како во седмо и осмо одделение исто како во училиштата и на тој начин оние што се избрани ќе можат да ги посетуваат двата проекти во учебната година и во тој домен да се заокружи годината.

Каков е интересот од страна на учениците?

Искрено можам да кажам дека сум презадоволен од заинтересираноста на учениците да работат во овие проекти и секоја новост што ја воведуваме во секој проект како надградба е по нивни предлог, бидејќи тие се главните субјекти и цел на овие проекти и токму за нив и од нив сакам да произлегуваат идеите и се надевам дека ќе можеме да ги исполниме  нивните идеи. За проектот „Денови на Свети Климент Охридски“ можам да се пофалам дека се пријавија над 70 ученици, а особено изненадување беше кога се пријавија 6 ученици од основното училиште „Пецо Даскалот“ во Долнени.

 Актуелниов ваш проект опфаќа низа работилници. Дали е предвиден настан за претставување на сработеното?

Учениците работејќи на работилници во три групи, по македонски јазик и литература, ликовна уметност и историја предводени од професорите Наташа Кулевска, Александар Џинго и Горјан Василевски, учениците преку работилниците кои се реализираа во административните простории на храмовите “Св. Благовештение”, “Св. Кирил и Методиј” и “Св. Петка”, да научат нешто повеќе за ликот и делото на Свети Климент Охридски и тоа да го претворат во творби. Нивните творби ќе се презентираат на завршниот настан на празникот на Свети Климент Охридски на 08.12.2024год. во библиотеката”Борка Талески”,

Настанот е во органзиација на НВО „Платформа за креативни концепти“, па споделете кои се досегашните ваши активности и што можеме да очекуваме натаму?

Ова здружение е формирано за реализација на проекти од секаков вид, социјален, образовен, културен карактер кои се за добробит и благосостојба на граѓаните и институциите и афирмација на културата, традицијата, историјата и секој сегмент кој ќе придонесе за подобрување животот на граѓаните. Со оглед на фактот дека станува збор за прилично ново здружение, кое постои нешто повеќе од година дена, можиме да се пофалиме дека имавме прилично плоден почеток на нашето работење. Досега успешно го реалзираме проектот  „Прилепски културни конекции“ во чии рамки се реализира настанот „Вело тура за култура“, „Денови на Св. Кирил и Методиј“, „Денови на Свети Климент Охридски“, а сработивме и  3 документарни филмови од историското и културното наследство на Прилеп на репрезентативни ЦД изданија, кои претставниците на градот ќе можат да ги споделат со разни делегации кои ја посетуваат Општина Прилеп, или при нивно гостување во странство, што е одлична можност за презентација на градот и надвор од Македонија.

Ќе се потрудиме во перидот што следи, освен продолжување на веќе успешно реализираните проекти и идеи, да реализираме уште многу други нови идеи, со кои ќе придонесеме за подобар и побогат живот во разни сфери за граѓаните на општина Прилеп, но и пошироко.

Во денешното  живеење, успеваме ли да ги следиме духовните начела на Свети Климент?

Својот залог и аманет кој ни го оставил Свети Климент Охридски е да го истражуваме сѐ она што ни го оставил како свое наследство. Да напредуваме во знаењата и да се натпреваруваме себеси едни со други во љубовта меѓусебно и да не ја заборавиме,но да ја оживотвориме православната вера зачувувајќи ја чиста како што ни е оставена од апостолите преку нивните наследници од кои за нас најбитни се Светите Кирил и Методиј и нивните ученици Свети Климент Охридски и свети Наум, Сава, Горазд и Ангелариј и продолжувајќи го нивниот пример кој ни е оставен во аманет.

 

Разговорот го водеше Филип Димкоски

Фотографии: архива на Андреј Иваноски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мирчески: тутунот e светски бренд, а не трн за да се откупува во една класа!!!

Долгогодишниот тутунопроизводител, прилепчанец, познат на прилепската и македонската јавност како еден од организаторите на протестите на тутунарите во 2020/21 година, Игор Мирчески, денес живее и работи во странство. Како што вели редовно ги следи настаните поврзани со производството и откупот на тутунот и не може да остане рамнодушен на двегодишната...

И или А – Колку значи една буква во женските презимиња?

Ана Петреска Трајкоски, Марија Тодороска Димески, Теодора Касовска-Мирчев, Елизабета Васев, г-ѓа Ѓорѓиевски, г-ца Попов… Сè почесто слушаме, се сретнуваме или разговараме со девојки и жени кои носат вакви и слични презимиња. Тоа се лица од женски пол кои решиле карактеристичната женска форма во македонските презимиња да ја заменат со машка....

Прилепчанката Добрила Грашеска испеа македонски песни за грчкото Фолкрадио (ВИДЕО)

Македонската етно-пејачка, прилепчанката Добрила Грашеска, која настапува во популарниот состав Чалгија саунд систем и со Добрила и Дориан дуо, деновиве се појави во програмата на грчкото Фолк радио (Folkradio.gr) и отпеа две песни. Станува збор за традиционалната коледарска песна што ја пеат децата од Прилеп, „Коледица, Варварица“ и македонската народна...